Сули Ан


Сули ан

Во непосредна близина на Чифте амамот и на влезот во чаршијата од страната на Бит-пазар во Скопје, се наоѓа поранешниот караван-сарај Сули ан. Изграден е во првата половина на XV век од страна на Исхак-бег. Во неговото завештание е оставен како дел од имотот на Исхак-беговата Шарена џамија. Сули ан, за првпат се споменува во документите од времето на Иса-бег, кој е син на Исхак-бег, каде што е прикажан збирен преглед на приходите и расходите од вакуфот на Исхак-бег. Во текот на XVI век, тој бил пренаменет и на долниот и горниот кат биле отворени дуќани, главно во сопственост на Евреи.


Сули ан

Сули ан тешко настрадал во пожарот од 1689 година, по што бил обновен и продолжил да работи како трговски објект. По земјотресот од 1963 г. бил речиси целосно разрушен, а подоцна повторно е обновен. Во него денес се сместени Музејот на Старата Чаршија, а од 1982 година и Ликовната академија.


Архитектура на Сули ан

Градбата е карактеристичен претставник на исламската световна архитектура, а по својот облик е слична на поголемиот Куршумли ан. Неговата основа претставува квадрат и зафаќа површина од 2.101 м2. Граден а на ист начин како и останатите караван-сараи, со делкан камен, редови тули и слоевит малтер. Се состои од приземје и кат со масивни ѕидови и сводови. Приземјето служело за чување на стоката, додека патниците и трговците преноќевале на катот. Тремот е подигнат на 18 столбови, а собите биле подредени во низа и распределени на сите четири страни. Кон Сули ан водат два влеза. Еден на источната и друг на западната страна, од кои главниот се наоѓал на источната и во минатото пред него течела реката Серава. Поради големиот број дуќани наоколу, Сули ан остава впечаток дека е вовлечен во просторот.


Во заветот на Иса-бег, Сули ан се споменува под името „стар ан“. Името „Сули ан“, коешто во превод од турски значи „воден ан“, го добил подоцна, поради тоа што се наоѓал во непосредна близина на течението на реката Серава.


Сули ан

Повеќе информации за Сули ан на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.