Кочани



КОЧАНИ - “градот на оризот”

Кочани е град во источниот дел на Република Македонија со 28 330 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.


Местоположба на Кочани

Градот Кочани се наоѓа на 120 км оддалеченост од главниот град Скопје. Ја завзема северната страна на Кочанска Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанска Река. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите Осоговски Планини. На 8 км јужно, плодното Кочанско поле завршува и почнува планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина е познатиот зимски туристички центар Пониква до кој води асфалтиран пат во одлична состојба, долг околу 20 км. Низ градот поминува магистралната сообраќајница M-5 која тргнува од Охрид, и преку Битола, Прилеп и Велес (70 км) се поврзува со Штип (30 км).


Kocani Srednovekovna kula

Легенда за потеклото на името на Кочани

Многу одамна, на печалба во Кина бил еден човек по име Кочо. По долги години решил да се врати во родниот крај. Бидејќи во Кина оризот бил основна храна, на заминување решил со себе да понесе и ориз, со надеж дека оваа земјоделска култура ќе успее во неговиот крај. При влегувањето во царството во кое се наоѓало и неговото родно место, наишол на проблеми: оризот бил забранет за внесување во каква било форма. Дознал дека гуските како трговска стока не биле забранети за внесување. Купил гуски, им го дал оризот да го изедат. По влегувањето ги исчистил и од нив го извадил оризот. Така Кочо го пренел оризот од Кина, започнал да го произведува, со што му дал нов белег и култура на овој крај. Според неговото име, местото каде што започнал да се одгледува оризот – го добило името Кочани.


Kocani Kocanski oriz

Природни ресурси

Кочанската Котлина е најголем термален басен на води со високи температури на Балканскиот Полуостров. Во близина на Кочани досега се направени 18 дупнатини од кои 14 се самоизливни. Водоносните хоризонти се јавуваат на длабочина од 86 до 1096 метри, со штедрост од 2,2 до 350 л/сек и температура од 50 до 80о С. Термални изворишта се јавуваат кај селата Долни Подлог и Бања, при што кај Долни Подлог се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри, со штедрост од 300 л/сек и просечна температура од 78о С. Во селото Бања има самоизливни термални води со штедрост од 30 л/сек и температура од 63о С.


Езера

Езерото Гратче е мала вештачка акумулација во непосредна близина на Кочани, изградена на Кочанска Река во 1959 година, во подножјето на Осоговските Планини. Покрај езерото работат современи тyристичко- угостителски објекти. Сместено во извонредно живописна клисура, Гратче е мошне популарен локалитет за рекреативен и излетнички тyризам.


Планини

Пониква еден од најпознатите зимски туристички центри и викенд населби во Македонија. Пониква се наоѓа во близина на Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација на Осоговските Планини. Спортско-рекреативниот центар опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи, авто-кампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на Пониква. Како посебна туристичка атракција за љубителите на ловот, во непосредна близина на Пониква се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште - резерват, покрај сместување, на посетителите им нуди можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи.


Kocani Ponikva

Култура и историја на градот Кочани

Споменикот на Слободата во Кочани е граден во периодот од 1975 до 1977 година. Уметничко-архитектонското решение е дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ. Споменикот бил целосно завршен и предаден во употреба во 1981 година. Изработен е во специфична форма на архитектонска пластика и модифицирана форма на отворена базилика. На мозаичен приказ од 335 м е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од илинденскиот период до Втората светска војна. Во споменикот со посебен пиетет се врежани имињата на загинатите борци од Кочани и Кочанско. Покрај историската и уметничка вредност, комплексот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена. Прогласен е за споменик на културата и влезен во регистарот на 3аводот за заштита на спомениците на културата.


Kocani Spomenik Kocani Spomenik na clobodata

Археологија во Кочани

Археолошки локалитет Мородвис е богатство на вредни предмети од различни култури. Од времето на Јустинијан I до денес Мородвис е населба во Кочанската Котлина, каде се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта. Еден од нив е локалитетот Градиште, утврдена населба од доцно античкото време и средниот век на возвишението јужно од Мородвис. Станува збор за правоаголна цистерна, под која е изградена црквата Св. Симеон. Втор локалитет во близина на Кочани е Гробјани Рид, средновековен објект и некропола. Потоа, Црквиштето Моробиздон, доцно антички и средновековен комплекс од повеќе локалитети, каде е откриена репрезентативна црква со ѕидана ограда. Овде се наоѓал црковен центар на брегалничкиот регион. Најстарата од четирите пронајдени цркви на Црквиште датира меѓу V u VI век, а поновата од XVI век. Другите две цркви се од ХI и ХIII век.


Културни манифестации во Кочани

Културната манифестација „Денови на оризот“ во Кочани е значаен туристички настан. Таа е посветена на кочанското “бело злато“, исполнета со низа свечености и празнувања на почетокот на жетвата на оризот во кочанскиот регион. Производството на ориз и начинот на неговото производство, се посебна атракција за луѓето кои првпат го гледаат тоа. Тоа е несекојдневно доживување, со оглед на тоа што на мал број локации во Јужна Европа се одгледува оризот како култура. За кочанскиот ориз се врзани и бројни гастрономски специјалитети, карактеристични за Кочанската Котлина.






 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.