Колешински Водопад


Колешински водопад - природна убавина и реткост

Колешински водопад е сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба. На надморска височина од 600 м. Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешински водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади. Распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Прекрасните сплавови на реката Баба

Колешино е едно од најубавите села во Македонија. Селото е единствено место во Македонија (па и на Балканот) каде ќе најдете специфичен вид на папрат т.н кралски папрат(осмунда регалис). Папратот расте до 2 метри височина и зафаќа површина дури до 500 метри квадратни, а се користи во текстилната индустрија. Сепак најубав и најавтентичен украс за селото се прекрасните сплавови кои ги создава реката Баба, спуштајќи се од највисоките планински врвови. Еден од нив секако е и Колешински водопад кој е вистинска природна убавина и реткост.


Колешински водопад

Колешински водопад е туристичка атракција и дело на природата кое мора да го посетите. До водопадот се пристигнува по шумските пешачки патеки кои завршуваат на врвот на ридот од каде што почнува водопадот. Пристапот до Колешински водопад, по тесна и означена патека (на повеќе места лизгава), оградена со дрвен мост, по скали ѕидани од камен, е доста отежнат, особено ако не сте физички спремни и опремени. Откако ќе го поминете центарот на село Колешино, движејќи се по планински пат од околу 1 км, се стигнува до интересна патека обвиткана од околната шума, а е испреплетена со мал поток. Патеката оди паралелно со потокот и веднаш потоа се пресекуваат со друг мал, дрвен мост. Дрвениот мост кој се наоѓа точно пред Колешински водопад овозможува поглед на целиот водопад и на прекрасната околина која делува смирувачки за секој посетител.

Звукот на водата на Колешински водопад

Колешинскиот Водопад се восхитувачка глетка во секој париод од годината. Во лето мамат со зелената околина, пријатните температури и свежиот смирувачки воздух. Додека, пак, во зима, со ледениот пејсаж и тишината. Одејќи по патеката, кај малиот мост ќе се загледате во кристално чистата вода во која речните ракови пливаат под површината. Додека шетате вашиот единствен придружник ќе биде свежиот планински воздух, кој ќе ве освежи и опушти. На целта ќе ја слушнете бучната свежина. Тоа е звукот на водата на Колешински водопад , кој никого не остава рамнодушен.


Колешински водопад

Со чиста, кристална и студена вода од реката Баба, Колешинскиот водопад полека тече, во прекрасен и ритмичен „балет“ од многубројни водени потоци. По кратката 19-метарска „игра“ на Колешински водопад, овие многубројни потоци се обединуваат во една целина и тој продолжува да тече надолу по планината. Ако имате авантуристички дух, тогаш за вас од левата страна има дрвени скали кои водат до дополнителна патека. Патеката завршува на врвот на ридот и каде можете многу блиску да застанете покрај реката, додека таа се слива надолу. На останатите на располагање им се неколку планински летниковци за излет и мала, невообичаена ужина во природа.



Повеќе информации за Колешински Водопад на следнава страна.






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.