Колешино

Колешино е сместено во подножјето на планината Беласица, во југоисточниот дел од Македонија, близу градот Струмица. Ова село воодушевува особено со водениот раскош.

Историјата во Колешино живее паралелно со сегашноста. На овој простор сѐ уште се чува сеќавањето за битката на Беласица од далечната 1014 година. Тогаш загинале многу војници на цар Самуил, а поради колежот, постои легенда дека и селото така го добило своето име.

 

koleshino

 

 

Жителите на селото се познати како вредни земјоделци. Најкарактеристични плодови за овој регион се бостанот и кикиритките, но има и одлични услови за одгледување киви и боровинки.

Колешино отсекогаш било инспиративно за патеписци и за други патници. Сигурно и за вас ќе биде интересна дестинација, затоа што овде може да засведочите еден за Балканот несекојдневен соживот меѓу населението. Надалеку е познато тоа што во Колешино има храмови на 4 различни вероисповеди. На овој мал простор, главен белег е верската различност, која опстојува во мирно заедништво и меѓусебно помагање, а некои празници, како Божиќните, се прославуваат заеднички.

Тоа е само уште еден доказ дека во ова село, освен природната, постои и вистинска меѓучовечка хармонија.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.