Колешино


Водениот раскош на Колешино

Колешино е сместено во подножјето на планината Беласица, во југоисточниот дел од Македонија. Од најблискиот град Струмица е одалечено 19 километри. Селото е познато по својот живописен Колешински водопад, формиран на реката Баба и висок 19,5 метри. Ова село воодушевува особено со водениот раскош.


Колешино

Водопадите во Колешино ќе ви го одземат здивот. Тие се вистинска атракција во Македонија и се наоѓаат на подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 270 метри. Зеленило и преубава природа ќе ве пречекаат на патот кон водопадите. Околината е средена, постои можност и за излет, правење скара, има дрвени клупи и маси – вистинска можност за еднодневен излет.


Колешино

Историјата во Колешино живее паралелно со сегашноста. На овој простор сѐ уште се чува сеќавањето за битката на Беласица од далечната 1014 година. Тогаш загинале многу војници на цар Самуил, а поради колежот, постои легенда дека и селото така го добило своето име. Жителите на селото се познати како вредни земјоделци. Најкарактеристични плодови за овој регион се бостанот и кикиритките, но има и одлични услови за одгледување киви и боровинки.


Колешино

Колешино - македонски пример за верски соживот

Колешино отсекогаш било инспиративно за патеписци и за други патници. Сигурно и за вас ќе биде интересна дестинација, затоа што овде може да засведочите еден за Балканот несекојдневен соживот меѓу населението. Надалеку е познато тоа што во селлото има храмови на 4 различни вероисповеди. Повеќе од сто години, заедно живеат и православни, протестанти или методисти, адвентисти-саботјани, јеховини сведоци кои имаат и свои божји храмови и во помал обем баптисти. На овој мал простор, главен белег е верската различност, која опстојува во мирно заедништво и меѓусебно помагање, а некои празници, како Божиќните, се прославуваат заеднички. Тоа е само уште еден доказ дека во ова село, освен природната, постои и вистинска меѓучовечка хармонија. Колешино - македонски пример за верски соживот.


Колешино

Повеќе информации за Колешино на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.