Негорски Бањи - природни термо минерални бањи од вулканско потекло
Негорски бањи се наоѓа под југоисточните падини на планината Кожуф, на 5 км северозападно од градот Гевгелија и 2 километри од селото Негорци по кој таа го добила своето име, а на надморска височина од само 60 метри. Тие се природни термо минерални бањи од вулканско потекло, распослани на гевгелиското трусно подрачје. Хидротермалниот систем го чинат повеќе извори и дупнатини. За разлика од повеќето бањи во Македонија кои потекнуваат од римскиот период, Негорски Бањи се смета дека прв почнал да ја експлоатира Шукри-паша кој овде прв изградил два базена за капење.
Бањски туризам на Негорски Бањи
Овде се наоѓаат два извора, и тоа „Врела Бања“, со температура од 40°С и „Ладна бања“ со температура на водата од 38°С. Бањскиот комплекс опфаќа површина од 25 хектари целосно пошумена, озеленета и релативно добро уредена површина. Бањата се наоѓа во непосредна близина на магистралата Скопје – Солун, во непосредна близина до меѓународната магистрала Е-75. Таа има двојно значење, од една страна Бањата е добро поврзана со другите просторни целини, а од друга страна Бањата се наоѓа на мошне значаен транзитен правец, што и овозможува да се вклучи како понуда и во транзитниот туризам.
Водниот капацитет на Негорски Бањи е околу 100 литри во секунда. Температурата во различните извори се движи од 36 до 50 степени. Според хемискиот состав, водата е од натриумско-сулфатен тип, а во близина на бањите има и термоминерална кал. Водата и калта имаат балнеолошки дејства за лекување на нервни, ревматични, посттрауматски состојби, повреди на меките ткива.
Топлата минерална вода во Негорски Бањи
Топлата минерална вода во Негорски Бањи доаѓа во бањата неизменета. Спроведена од изворите со помош на термо изолирани цевки, за да не изгуби од својата природна топлина. Нејзината минерализација е иста како и на изворот кога се пие од чаша. Тоа се големи предности на Негорски Бањи. Нивното дејство при капењето главно е физикално, што значи дека делуваат со својата топлина и хидростатскиот притисок. Самиот факт дека топлина е еднаква на телесната топлина е од голема важност. Бидејки водата не мора да се загрева или лади.
Негорските минерални води се познати по тоа што лечат голем број на болести. Меѓу кои: ревматски заболувања, дегенеративни заболувања на коски и зголобови и рбетен столб, пострауматски и постооперативни состојби во ортопедија, остеопороза, заболувања на нервните систем, заболувања на гастроинтестинален систем,. Како и кожни заболувања, заболувања на уринарниот систем, кардиоваскуларни заболувања, респираторни заболувања, сите форми на коронарна болест и гинеколошки заболувања. Врз основа на проверените клинички успеси на болено терапија на бањското лекување денес се гледа како на рамноправно со другите можности. На околу 500 метри јужно од минералните извори се наоѓа и минералното блато (кал) на поголема површина. Тоа е единственото во Македонија и успешно се користи во здравствениот бањски комплекс. Бањскиот комплекс Негорски Бањи има три хотели и тоа: “Јасен”, “Илиден” и “Божур” во кои квалитетното сместување овозможува пријатен престој за сите гости.
Повеќе информации за Негорски Бањи на следнава страна.