Радожда

Во крајниот југозападен дел на Македонија векува рибарското село Радожда, кое го одликуваат питома спокојност, мирен живот и кротки жители. Ова прекрасно село со долга историја и со богат духовен живот е како создадено за пријатни мигови и за потполна удобност. Сѐ што треба е само да им се препуштите на звуците на природата и на галежливите бранувања на Охридското Езеро покрај кое се простира Радожда.

 

radozda

 

 

Сместено во подножјето на карпестиот гребен, селото го одликуваат неколку културни и природни знаменитости, а во неговиот атар се наоѓаат седум свети храмови. Во карпите при самиот влез во селото е сместена пештерна црква посветена на архистратот Михаил.

Престојот во селото ќе ви го отвори и апетитот, особено откако ќе ја пробате грумански подготвената риба.

Штом влезете и ја впиете убавината на Радожда, во која изгрејсонцето и зајдисонцето имаат посебна боја и нудат единствено доживување, уживајќи во мирот, во вас ќе се роди необично чувство на интимност, па несомнено ќе посакате да го сочувате селото само за себе, како тајна, која уште долго ќе живее во вашите спомени и на која ќе сакате да ѝ се навраќате, макар и само поради неповторливиот поглед кон тиркизното синило на езерото.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.