Радожда


Рибарското село Радожда

Во крајниот југозападен дел на Македонија во околината на градот Струга векува рибарското село Радожда.  Селото го одликуваат питома спокојност, мирен живот и кротки жители. Ова прекрасно село со долга историја и со богат духовен живот е како создадено за пријатни мигови и за потполна удобност. Сѐ што треба е само да им се препуштите на звуците на природата и на галежливите бранувања на Охридско Езеро покрај кое се простира Радожда.


Радожда

Културни и природни знаменитости во Радожда

Сместено во подножјето на карпестиот гребен, селото Радожда го одликуваат неколку културни и природни знаменитости. А, во неговиот атар се наоѓаат седум свети храмови. Централна е селската црква Свети Никола која е изградена во 18 век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од 14 век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.


Радожда

Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Виа Игнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.

Грумански подготвената риба во Радожда

Престојот во селото ќе ви го отвори и апетитот, особено откако ќе ја пробате грумански подготвената риба. Штом влезете и ја впиете убавината на Радожда, во која изгрејсонцето и зајдисонцето имаат посебна боја и нудат единствено доживување. Уживајќи во мирот, во вас ќе се роди необично чувство на интимност, па несомнено ќе посакате да го сочувате селото само за себе, како тајна, која уште долго ќе живее во вашите спомени и на која ќе сакате да ѝ се навраќате, макар и само поради неповторливиот поглед кон тиркизното синило на езерото.


Радожда

Повеќе информации за Радожда на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.