Крклино

Во западниот дел на Пелагонија, на 5 километри од Битола, се наоѓа селото Крклино. На исток се простира рамничарски атар, а на запад од селото се издигнува Облаковската планина.

Доколку сте љубител на јавачките спортови, може да го посетите хиподромот во селото, каде што има ергела расни коњи. Овој комплекс нуди убави услови за вистинско уживање на јавање во природата.

 

krklino

 

 

Крклино е единствено село во Македонија што поседува „автосалон“ – поточно збирка на репарирани возила и мотори. Станува збор за Авто-етно музејот, кој се состои од два ката. Во првиот се сместени неколку автомобили-олдтајмери и повеќе модели на мотоцикли. Најстариот автомобил е Ситроен од 1925 година.

На горниот кат од музејот се наоѓаат повеќе простории: селска, градска, еврејска соба и антикварница, каде што може да здогледате предмети од минатото, од секојдневната покуќнина, па до оружја, како што се австриска кратка пушка, сабји или ножеви, но и музички инструменти, меѓу кои и оргули стари над 200 години, како и битолски народни носии.

Авто-етно музејот е уникатно место со раритетно богатство во традиционален рурален амбиент – несекојневен контраст што морате да го почувствувате.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.