Пелистер

 

Пелистер

Пелистер (2601 m) е највисокиот врв на планината Баба, а се наоѓа во нејзиниот северен дел. Месното население целата планина ја нарекува Пелистер. Врвот е најдоминантен во овој дел на Република Македонија. Инаку изграден е од гранитни карпи и палеозојски шкрилци. Оголен е, а поради мразното разорување е интензивен процесот на распаѓање на карпите.

Интересни се појавите на мориња од карпи кои се јавуваат под самиот врв. Поради специфичната положба нуди широк и прекрасен панорамски видик, а од јужната страна, под Пелистер е убавото глацијално Мало Езеро.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.