Крклино


Крклино за љубителите на јавачките спортови

Во западниот дел на Пелагонија, на 5 километри од Битола, се наоѓа селото Крклино. На исток се простира рамничарски атар, а на запад од селото се издигнува Облаковската планина. Според една легенда, името Крклино доаѓа по убавата мома Илина, која во околните села била позната под името Крклина. Во село Крклино постои црква посветена на св. вмч. Тодор, црква Св. Богородица, а особено интересен е манастирот Св. Илија, сместен на височинка веднаш над селото. Тој е омилена локација за посета од страна на локалното население, пред се поради прекрасните панорами кои од ова место се отвараат кон Пелагонија и Пелистер.


Село Крклино

Доколку сте љубител на јавачките спортови, може да го посетите хиподромот во селото, каде што има ергела расни коњи. Овој комплекс нуди убави услови за вистинско уживање на јавање во природата.


Авто-етно музејот во Крклино

Крклино е единствено село во Македонија што поседува „автосалон“ – поточно збирка на репарирани возила и мотори. Станува збор за Авто-етно музејот во приватна сопственост, кој се состои од два ката. Во првиот се сместени неколку автомобили-олдтајмери и повеќе модели на мотоцикли. Најстариот автомобил е Ситроен од 1925 година. На горниот кат од музејот се наоѓаат повеќе простории: селска, градска, еврејска соба и антикварница. Во секоја просторија може да здогледате предмети од минатото, од секојдневната покуќнина, па до оружја, како што се австриска кратка пушка, сабји или ножеви, но и музички инструменти, меѓу кои и оргули стари над 200 години, како и битолски народни носии.


Авто-етно музејот е уникатно место со раритетно богатство во традиционален рурален амбиент – несекојневен контраст што морате да го почувствувате. Во селото се наоѓа и археолошки локалитет кој се нарекува Крклино. Локалитетот претставува осамен наод од железно време. Во 1957 година бил откупен меч од бронза од типот „Ербенхеин“, кој потекнувал од наоѓалиште во атарот на селото.


Село Крклино

Повеќе информации за Крклино на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.