Параглајдинг во Македонија
Република Македонија е едно од најатрактивните места за параглајдинг во светот. Недопрена земја, храна која се памети и пријатно сместување за пилотите. Фасцинантните планини, со повеќе врвови над 2,500 метри и големи долини наоколу, со регуларни патишта до секоја тревна површина за полетување. Македонија е идеален избор за љубителите на поекстремните спортови, жедни за авантура и многу адреналин.
![Info](/wp-content/uploads/2018/08/paraglajding-1.jpg)
Македонското небо е рај за параглајдинг
Тоа што секој млад човек го посакува е пронаоѓање себеси во просторот што го опкружува. Параглајдерството тоа и го овозможува, блискост со природата и претворање на сонот во стварност. Параглајдерството како рекреативен, натпреварувачки и авантуристички спорт е широко распространета низ целата земја. При посета на клубовите во Скопје, Прилеп, Маврово и Крушево, ќе добиете целосна опрема и професионални водичи за овој спорт. Македонските планини се погодни за полетување, а долините и низините овозможуваат безбедно и удобно слетување. Овие региони имаат неверојатни пејзажи кои со сигурност вредат да се видат.
![Info](/wp-content/uploads/2018/08/paraglajding-2.jpg)
Една од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг е нашиот највисоко поставен град Крушево. Уникатните временски услови, планинските гребени и широките долини овозможуваат да се постават предизвикувачки и долги таскови на трката, Најатрактивно е полетиштето на “Мечкин Камен“. На надморска висина од 1420м со поглед исток-североисток кон долината Пелагонија.
![Info](/wp-content/uploads/2018/08/paraglajding-3.jpg)
Небото над Македонија полно со змејови
Благодарение на Воздухопловна Федерација на Македонија во нашава земја се одржуваат големи првенства, кои ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање и параглајдинг од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.
ВФМ со Аероклубовите располага со пет (5) спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола во рамките на кои функционираат воздухопловно школски центри. Во петте Аероклуба се врши обука на ракетни и воздухопловни моделари, едриличари, падобранци и пилоти на моторни авиони. Обуката за параглајдинг се врши во рамките на неколку параглајдерски клубови членки на Воздухопловната Федерација.
![Paraglajding vo Ohrid Makedonija](/wp-content/uploads/2018/08/paraglajding-ohrid.jpg)
Временски услови и информации за параглајдинг во Крушево