Мустафа-пашина џамија


Местоположба на Мустафа-пашина џамија

Мустафа-пашина џамија се наоѓа на потегот меѓу Куршумли ан, црквата „Св. Спас“ и Калето во Скопје. Џамијата била изградена во 1492 година, како завештание на Мустафа-паша. Toj бил везир на султаните Бајазит II и Селим I и извршувал високи функции во Отоманската Империја. Од мермерната плоча над влезната врата, на која е запишан текст со арапско писмо, се дознава дека објектот бил изграден на темелите на некоја средновековна црква. За разлика од останатите градби во и околу чаршијата, Мустафа-пашината џамија не претрпела големи оштетувања со земјотресот од 1963 г. Но сепак по него се извршени некои реконструкциски зафати. Последното обновување завршило во 2011 година, а на свеченото отворање на џамијата присуствуваше делегација од Турција, предводена од вицепремиерот Бекир Боздаг.


Мустафа-пашина џамија

Архитектура на Мустафа-пашина џамија

Градбата на Мустафа-пашина џамија е карактеристичен претставник на раната цариградска архитектура. Нејзината основа е квадратна и е покриена со купола, чиј пречник изнесува 16,3 м. Куполата била изградена на тромпи коишто се украсени со арабески и од чијашто лева страна се наоѓаат мотиви насликани од времето на изградбата на џамијата, додека од десната страна понови и без некоја посебна уметничка вредност. Објектот е ѕидан со клепан камен и два реда тули. Влезот во Мустафа-пашина џамија е преку тремот, којшто е изработен од бел мермер, а пред него се наоѓаат четири мермерни столбови кои се поврзани со полукружни лакови.


Целиот овој дел е покриен со три мали куполи. Минарето високо 47 м е издигнато на северниот дел од џамијата и е изградено од клепан бигор. Во внатрешноста на Мустафа-пашина џамија се наоѓа молитвениот простор, на чијшто југоисточниот дел е сместен михработ, од кој оџата го чита Куранот. Десно од михработ се наоѓа говорница (мимбер), од која се читаат молитвите. Во кружниот простор со арабески, на исток и запад се запишани имињата на Мухамед и Алах. На југ и север оние на халифите: Евубекир, Омер, Осман и Али. Веднаш над влезната врата се наоѓа галерија (мехвил).Во рамките на џамијата влегуваат и турбето, каде што во 1519 година бил погребан Мустафа-паша, саркофагот на неговата ќерка Уми, шадрван,пред самиот влез на Мустафа-пашина џамија, надгробни нишани и остатоци од некогашните имарет и медреса.


Мустафа-пашина џамија

Повеќе информации за Мустафа-пашина џамија на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.