Капан ан


Капан-ан

Поранешниот караван-сарај и конак Капан-ан е сместен во внатрешноста на Скопската Стара Чаршија во Скопје. Капан-ан е изграден во втората половина на XV век, по наредба на третиот отомански управител Иса-бег. За прв пат се споменува во вакуфнамата на Јаја-пашината џамија во 1506 година. Низ историјата одиграл голема улога во развојот на сообраќајната трговија. Капан-ан претставувал место во коешто преноќевале трговски патници од многу далечни места.


Капан-ан бил разрушен со земјотресот во 1555 година, а потоа и во пожарот од 1689 година, по што бил реконструиран на доста попрост начин, со дрвена конструкција, а од првобитниот изглед се зачувани само неговите долни делови. Како ан работел сè до Втората светска војна. Во земјотресот од 1963 г., објектот речиси целосно бил разрушен,а бил обновен и повторно пуштен во употреба во 1974 година. Денес во него се сместени дуќани, меани и деловни канцеларии.


Објектот претставува правоаголна градба со површина од 1.066 m2. Однадвор е целосно затворен и содржи голем квадратен двор во внатрешноста. Има вкупно 44 простории, кои служеле за сместување на патниците и трговците со нивните каравани. Собите биле подредени во низа и распределени на приземјето и катот, од сите четири страни. На катот има дрвен трем на сите четири страни, на чии дрвени столбови е подигнат кровот. Кон анот водат два влеза, на јужната и северната страна, во кои се влегува преку дрвени врати. Делот од чаршијата околу анот бил наречен Капан чаршија, а пред анот имало и чешма наречена Капан чешма. Капан-ан името го добил од арапскиот збор „капан“ (арапски: kabban), кој се однесувал на големиот јавен кантар којшто бил сместен во или пред неговите порти и служел за мерење на стоката.


Капан-ан

Повеќе информации за Капан-ан на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.