Даут-пашин амам


Местоположба на Даут-пашин амам

Даут-пашин амам се наоѓа на почетокот од чаршијата во Скопје, во непосредна близина на црквата „Св. Димитрија“. Изграден е во периодот од 1489 до 1497 година, како завештание на тогашниот везир на Румелија Даут-паша, но имињата на неговите архитекти сè уште се непознати.  Даут-пашин амам тешко настрадал во пожарот од 1689 година и бил препуштен на постепено пропаѓање. Бил обновен во 1948 година, кога е пренаменет во уметничка галерија.


Даут-пашин амам

Оштетувања претрпел и со земјотресот во 1963, но набргу бил реновиран и оттогаш повторно работи како уметничка галерија. Денес тој е единствената преостаната градба на некогашната „исламска тројка“, која уште ја сочинувале џамијата Ибни Пајко и Караван-сарајот. Објектот има правоаголна форма, со мали незначителни проширувања на неговата јужна и северна страна.


Архитектура на Даут-пашин амам

Неговата архитектура е монументална, а изградбата е изведена со префинетост. Ѕидовите на градбата се масивни и содржат мали отвори со лачно и архитравно засводени полиња, во кои се сместени прозорците и вратите. Влезните врати се наоѓаат на ѕидови кои се изведени со профилирани плочи. На западната страна од фасадата на Даут-пашин амам се наоѓа отвор, кој е врамен во профилирана мермерна рамка во која се наоѓала плоча со натпис. Внатрешноста е покриена со 13 куполи со различна големина. Од нив се издвојуваат двете најголеми на западната страна, додека останатите 11 се несиметрично распоредени над другиот дел од Даут-пашин амам.


Во објектот се наоѓаат 15 простории, кои се осветлени со помош на ѕвездестите отвори на куполите покриени со стакло. Од внатрешната страна ѕидовите биле украсени со живописна орнаментика. Бидејќи претставувал двоен (чифте) амам, имал два посебни влеза, еден за мажи и еден за жени. Во склад со исламските канони вака поделените влезови не се наоѓале на иста страна. Според сознанијата, Даут-пашини амам никогаш не бил пуштен во употреба како амам, за што постојат две легенди.


Според едната, за затоплување на Даут-пашин амам биле потребни големи количества на огревни дрва. Истите не можеле да се обезбедат, поради тоа што шумата на планината Водно била речиси уништена, па недостигот на огревно дрво го оневозможил пуштањето во употреба на објектот. Втората легенда е врзана за ќерката на Даут-паша. Според неа пред пуштањето во употреба го посетила Даут-пашин амам и била касната од змија-отровница и потоа починала. Тогаш Даут-паша наредил анот да биде затворен и никогаш повеќе да не се користи.


Даут-пашин амам

Повеќе информации за Даут-пашин амам на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.