Најзначајни законски обврски на возачите

Најзначајни законски обврски за возачите на моторни возила кои се применуваат и на  странските возачи

 

1. На патиштата во Република Македонија задолжително е користење на светлата за осветлување на патот и дење и ноќе.

 

Непочитување на оваа законска одредба е санкционирано со парична  глоба

од 45 ЕУР.

 

2. Возачот секогаш е должен да ја прилагоди брзината според условите на сообраќајот и состојбите на патот.

Брзина на движење на патиштата во Република Македонија е ограничена и тоа:

    - На 130 км/час на автопат

    - На 110 км/час на пат резервиран за моторни возила

    - На 80 км/час на останатите патишта

    - Најголема дозволена брзина во населено место е 60 км/час.

 

Непочитувањето на оваа законска одредба во зависност од  големината на пречекорувањето е  санкционирано со парична глоба од 45 до 300 ЕУР.

 

3.Влечење на неисправно возило на јавен пат мора да се врши на      пропишан начин, односно со јаже, крута врска или потпрено или натоварено на влечното возило.

 

Непочитување на оваа законска одредба е санкционирано со парична глоба од 45 ЕУР.

 

4. На автопат и на пат резервиран за моторни возила забрането е влечење  на неисправно возило, освен ако неисправноста е настаната на тој пат, меѓутоа влечењето ќе се врши само до првиот исклучок од автопатот или патот резервиран за моторни возила.

 

5. Возилото што влече неисправно возило несмее да се движи со брзина поголема од 40км/час.

 

За непочитување на оваа законска обврска предвидена е санкција од 25 ЕУР.

 

6. Во Република Македонија задолжително е користење на сигурносен појас за возачот и лица што се превезуваат на сите седишта каде фабрички е вграден сигурносен појас.

 

За непочитување на оваа законска обврска предвидена е парична глоба во износ од 20 ЕУР.

 

7. Дозволено количество на алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 промили.Кај професионалните возачи и возачите почетници не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта (0,0 промили).

 

Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 250 до 400 ЕУР.

 

8. На предното седиште во возилото несмее да се превезуваат деца до 12 годишна возраст и лица кои се под дејство на алкохол.

 

За непочитување на оваа одредба од законот предвидена е парична глоба во износ од 45 ЕУР.

 

9. Возачот додека го управува возилото несмее да користи мобилен телефон.

 

За непочитување на оваа законска одредба предвидена е парична глоба во износ од 45 ЕУР.

 

10. Возачите на моторна возила во период од 15 ноември до 15 март задожително треба да поседуваат зимска опрема за возилото.

 

За непочитување на оваа законска обврска предвидена е глоба во износ 150 ЕУР.

 

11. Возачот кој учествува во сообраќајна незгода во која има загинато или повредено лице или настанала голема материјална штета несмее да го напушти лице местото, освен ако укажува помош на лицата настрадани во незгодата.

 

За непочитување на оваа законска одредба пропишана е  парична глоба во износ од 250 ЕУР.

 

12. Возачот кој ќе се затекне или наиде на место на сообраќајна незгода должен е на барање на полицискиот службеник да го превезе лицето повредено во сообраќајна незгода до најблиската здраствена установа.

 

За непочитување на оваа законска одрдба предвидена е парична глоба во износ од 250 ЕУР.

 

13. Во случај кога е направен сообраќајен прекршок за кој е предвидена наплата на парична глоба на самото место на прекршок, глобата ја изрекува униформиран полициски службеник и штетата се плаќа во најблиската банка или пошта врз основ на издадениот платен налог.

 

14. Забрането е плаќање на глоба на самото место на прекршокот во готово, а доколку на тоа инсистира униформираниот полициски службеник, настанот пријавете го во најблиската полициска станица. 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.