Прошетка низ вечниот град
Mакедонија – неоткриен бисер во срцето на Балканскиот полуостров, крстосница на различни култури од Истокот и Западот, попатна станица на некогашниот важен римски пат Виа Егнација. Оваа земја е неизбежна дестинација на секој турист кој е љубопитен да ја истражи мешавината на многувековна историја и природни убавини.
Главниот град Скопје, скриен во венец од неколку околни планини, со неговата енергија и шарм на модерна метропола нема да остави никому простор за рамнодушност. Скопје е магија во сите вкусови, бои и мириси. Врвулици, метеж, трендови, брзање во епицентарот на збиднувањата.