Пробиштип


Основни информации за Пробиштип

Пробиштип е град во источниот дел на Република Македонија, административно средиште на истоимената општина. Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк Злетово. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори.


Probistip

Има површина од 329 км2 и е центар на Општина Пробиштип која содржи 37 населени места. Градот има 10.816 жители, а општината 16.193 жители. Истиот не постои како посебна статистичка целина, туку бројот на неговите жители е добиен со збир на три посебни статистички единици: селото Пробиштип, единицата Индустриска населба и приградската населба Калниште.


Сегашниот град Пробиштип е основан во 1945 година како типична рударска населба. Овој град лежи на југозападните падини на планината Осогово на сливот на реката Злетовска, десната притока на Брегалница. Има асфалтирани патишта кон Кратово на север, Штип на југ и Кочани на југоисток. По Втората светска војна, развојот на рудникот за олово и цинк во селото Добрево влијаеше врз континуираниот развој на економијата на градот.


Probistip

Дом на културата во Пробиштип

Во рамките на Домот на културата "Злетовски рудар", постои изложба на ретка колекција на минерали од рудникот и стари предмети. Истите се користеле во минатото за работа во рудникот и зачувани предмети уште од римскиот период. Постои и етнолошка изложба на традиционална облека која што е карактеристична за овој регион на Македонија.


Лесновски манастир

Лесновскиот манастир (XIV век), сместен во Лесновскиот кратер, во себе чува иконостас од XVIII век со непроценлива вредност и убавина. Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир се наоѓа во  село Лесново, Пробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за светиот отец Гаврил.


Probistip Lesnovski manastir

Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. За св. Гаврил постојат повеќе житија (хагеографии). Првото е сосема кратко и е напишано околу 1330 година. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил.


Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители — Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг послужителски живот, во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во близина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал во с. Лесново и го подигнал (основал) Лесновскиот манастир.


Повеќе информации за градот и општината на официјалната страна.




Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.