Прилеп


Прилеп – градот под Марковите кули

Прилеп е  град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. До него се стигнува преку магистралниот пат А 3 и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје. Познат е како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко. Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.


Prilep Plostad

Потекло на името

Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека бил прилебно место (место каде што се правело леб). Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато. Според Блаже Конески името е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија. Населбите на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Во близина на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба.


Prilep Markovi Kuli

Историја на градот

Во раната антика тука израснала населбата Керамија (Ceramie), обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија. Прилеп се наоѓа во североисточниот дел на најголемата македонска котлина, Пелагонија, односно во Прилепското Поле, како најголема населба и негов центар. Опкружен е со планините Бабуна и Дрен Планина. Центар е на производство на високо квалитетен тутун и цигари, металопреработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехранбена и мермерна индустрија.


Prilep Istorija na gradot

Специфика на Прилеп

Тутунот е еден од прилепските традиционални култури што успева во македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за тутун за креирање на нови видови тутун, повеќето жители опстојуваат со производство на тутун, кој потоа се откупува од Тутунски комбинат. Во 2014 година во Прилепско Поле биле произведени 9531 тони тутун, што претставува 34% од вкупното количество тутун произведено во Македонија. Покрај тутуно производството во Прилеп, од големите индустриски претпријатија работат и Прилепска пиварница, мермерниот комбинат, како и познатиот фестивал на пивото - Пивофест.


Prilep Istorija na gradot
Prilep Istorija na gradot
Prilep Istorija na gradot
Prilep Istorija na gradot
Prilep Istorija na gradot
Prilep Istorija na gradot
Prilep Istorija na gradot




Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.