Кавадарци


Кавадарци - Центар на Тиквешијата

Кавадарци е  град во југоисточниот дел на Повардарието, во јужна Македонија, кој претставува центар на Тиквешијата. Според некои извори, етимолошки, името Кавадарци потекнува од грчкиот збор kavadion што значи „наметка од скапоцена ткаенина“, а кавадарчани биле изработувачи на таа ткаенина.

Географска положба на Кавадарци

Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара, на надморска височина од 230 до 270 метри. Населбата Кавадарци прв пат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак.


Info

Историјат на градот Кавадарци

Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци, кој оставил запис во кој наведува, дека гратчето е центар на 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Населбата се споменува и во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба (касаба), со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски вилает. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека село Кавадарци (Говедарци) има една голема и красна црква и едно мало училиште, три мошеи (џамии), еден часовник (сахат), една стара висока кула (столп) каде што седат ајан и кадија. Ова укажува дека уште кон средината на XIX век, Кавадарци бил средишно (централно) место на целата тиквешка област, каде што биле сместени судот (кадијата) и управните власти.


Info

Град на виното - Кавадарци - Центар на виногорјето

Кавадарци сообраќајно се поврзува со магистралниот пат Скопје-Гевгелија и со патот што од Градско води за Прилеп, односно со магистралниот пат кон Охрид. Низ градот тече реката Луда Мара. Населбата настанала кон крајот на XVII век, по Австро-турската војна (1689-1690). Лоцирана на сообраќајницата Прилеп – Демир Капија – Солун, имала погодна местоположба, што ја направило привлечна за доселување на друго население од околината. Во 1857 година претставува мало гратче со околу 2.000 жители и посебен економски центар. Населението се занимавало со земјоделство, трговија и занаетчиство. Уште тогаш Кавадарци има улога на управно административен центар за Тиквешката област. Во 1879 година управното седиште за кратко време е преместено во Неготино. Градот популациски и стопански расте по Втората светска војна. Во 1948 година Кавадарци броел околу 6.000 жители, а во 2002 година бројот на населението пораснал на околу 30.000 жители.


Info

Традиција на уживање во винската приказна

Тиквешијата претставува најголемо виногорје на Балканот. Од Велес кон Кавадарци, Неготино, Демир Капија, па до Гевгелија, патот го преплавуваат лозови насади и голем број винарии, кои со својата архитектура на автентичен начин ја раскажуваат македонската винска приказна. Виното е еден од симболите на македонската земја. Најголемата тајна на вкусовите на македонските вина е Сонцето, кое во пределите на Централна Македонија му дава специфика на секое зрно грозје.


Околу Кавадарци и Неготино се разви најголемото и најквалитетното производство на винова лоза. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари. Најзастапени сорти грозје се смедеревка и кратошија вранец, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: кардинал, хамбург, афус али, рибиер и други. Како резултат на големите лозови насади, во Тиквешијата има голем број на винарски визби, кои грозјето го преработуваат во вино и ракија и го пласираат на странските пазари.

Тиквешко Езеро

Тиквешкото Езеро е изградено во долното течение на Црна Река, пред излезот на реката во Возарско Поле. Езерото е едно од поголемите вештачки акумулации, со површина од 14км2, должина од 28 км и зафатнина од 475*10м3. Езерото е создадено во 1968 година, со преградување на кањонот на реката со брана висока 104 метри, изградена од нафрлан камен со глинено јадро. Акумулацијата е наменета за наводнување и производство на електрична енергија. Денес, езерото има и туристичко рекреативен карактер, со поголем број викенд-куќи и угостителски објекти. Езерото се користи и за спортски риболов. Богато е со риба, при што особено се истакнува сомот, кој може да достигне должина над два метра.


Info

Островот Градот

Средновековниот град Тиквеш, се наоѓа на околу два километри од с. Ресава, на рид висок 80 метри, над устието на Тиквешка Река во Црна. Во III век п.н.е. на тоа место постоела населба, која во доцната антика била обновена и зацврстена со кули. Покрај бедемите се пронајдени темели на голем број градби. Со изградбата на акумулационото езеро, на денешниот остров се зачувале само горните остатоци од населбата.

Полошки манастир Св. Ѓорѓи (XIV  век)

Манастирот претставува бисер на македонската средновековна уметност. Изграден е во првата половина на XIV век, на 20 километри југозападно од Кавадарци во подножјето на планината Вишешница, на левиот брег на сегашното Тиквешко Езеро. Внатрешноста на црквата е во целост живописана. Позната е по својот фрескоживопис од XIV век, а уште повеќе по полиелајот (црковен листер) резбан во дрво од 1492 година, што претставува најстара датирана резба во Македонија.


Info

Моклишко Езеро

Моклишкото Езеро се наоѓа во месноста Моклиште, непосредно до Кавадарци, во долината на реката Луда Мара. Настанато е во 1956 година, така што со уривање на ридот е направена природна преграда (брана) на долината на Луда Мара и непосредно потоа просторот е исполнет со вода. Поради тоа, во стручната литература ова езеро се класифицира кака урниско езеро. Така, природата само за неколку минути ја изгради браната на езерото. Во текот на ова случување се затрупани стадо овци со нивните пастири.


Info






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.