Битола

Битола

Градот на конзулите – Срцето на Македонија

 

 

Битола е втор град по големина во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југозападен дел, во Пелагониската Котлина во подножјето нс Баба Планина, на 13 километри од границата со Грција. Градот е лоциран на двата брега на реката Драгор, десна притока на Црна Река.

Битола има улога на регионален центар во рамките на Република Македонија. Сообраќајната комуникација на градот е ориентирана на север кон Прилеп, на запад кон Охрид и на југ кон Грција. Во овие правци се насочени магисталните сообраќајници со меѓународно значење.

Тука се важни и регионалните патишта во правец на Кичево и кон областа Мариово. Низ Битола поминува и железничката пруга од Велес и Прилеп, која продолжува за Лерин, Воден и Солун во Грција.

Денешна Битола е основана кон крајот на VI век. Статус на градска населба има уште од XI век. Градот се развивал во непосредна близина на некогашниот антички град Хераклеја (два километри јужно од денешна Битола. Оваа населба била стопански, културен и сообраќаен центар за Јужна Пелагонија.

Во средновековниот период Битола била утврден град со цркви и манастири, седиште на епископ, црковен центар. Во XVIII век Битола функционално опаднала. Во XIX век градот ги обновил функциите, територијално се проширил и станал “град на конзулите”, бидејќи од втората половина на XIX век до 1912 година во Битола биле сместени повеќе странски конзулати.

Со поделбите на Македонија по Балканските војни и Првата светска војна, Битола губи голем дел од стопанските, административно-политичките и културните функции. По Втората светска војна градот доживува целосно популациско и стопанско обновување. Од околу 40.000 жители во 1953 година, Битола брои околу 80.000 жители во 2002 година.

Сместен во простор со интензивно развиено полјоделство (житни култури, шеќерна репка, тутун) и сточарство, Битола претставува значаен индустриско-аграрен центар за Пелагонија, но и за целата земја. Во неа се лоцирани повеќе агроиндустриски капацитети, од кои некои се единствени и имаат егзистенцијално и стратешко значење за Македонија. Покрај агроиндустријата, во стопанската структура на градот значајно место заземаат рударството и производството на електрична енергија (ТЕ Битола I, II, III), текстилна индустрија, индустрија за градежни материјали, металопреработувачката индустрија, индустрија за преработка на тутун, електроиндустрија.

 

Bitola square

 

Саат – кула (XVII век)

Саат-кулата е најпрепознатливиот споменик со кој се идентификува Битола. Се наоѓа во строгиот центар, каде градскиот часовник доминира во просторот со својата висина и емитува популарна музика кога ги отчукува часовите. Иако не е пронајдена документација нејзиното градење, се смета дека е изградена во периодот на турското владеење, во XIV век, заедно со Јени џамија.

Висока е 33 метри, поставена на квадратна основа. Од северната страна има полукружен влез и внатрешни спирални камени скали. Поделена е на три ката, а на најгорниот се наоѓа механизмот со часовници на сите четири страни. Најгорниот дел претставува мала купола, кој нуди прекрасна панорама на конзулскиот град и на пошироката околина. Паркот околу Кулата е место каде граѓаните се собираат на Бадник и палат свеќи долж тревникот и тротоарот.

 

 

 

Широк Сокак

тука се сретнуваат најстарите архитектонски градби на Балканот, кои го красат градот уште од турско време

Првиот конзулат во Битола е отворен во 1851 година од страна на тогашната Австро-унгарска империја, токму на Широк Сокак. Подоцна тоа ќе го сторат Британците и Французите, а потоа доаѓаат конзулите од Русија, Италија, Србија, Бугарија и Романија. Првите светилки на Широк Сокак ја тргнале темницата од Саат-кулата до Офицерскиот дом точно во 17 часот на 24 декември 1924 година. Тогаш сефрекорзо под светилки заеднички направиле и конзулите и граѓаните. Во тоа време на Широк Сокок биле сместени претставништва на бројни странски компании, престижни кафеани, слаткарници, филијала на Франкосрпската банка. Тој прв конзулски период бил инспирација за бројни песни на конзулите, за пајтоните, за клавирите, за прочуената чкембе чорба, за Влашкото маало и жолтите куќи, за љубовта. Во литературата се сретнува податок дека за Битола се испеани над 500 песни, како за никој друг град во светот. Сонот на битолчани нивниот град повторно да стане конзулски се оствари со осамостојувањето на Македонија. Франција беше првата земја што отвори свој конзулат во самостојна Македонија, а по неа тоа го стори и Турција, по што следуваше отворањето на британскиот и на рускиот конзулат.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.