Водици

 

Водици

Водици, наречен уште и Богојавление, според христијанските верувања, претставува денот кога св. Јова Крстител го покрстил Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето во православната вера означува духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата.

Се празнува два дена – првиот ден е 19 јануари и се нарекува Машки Водици, а вториот ден 20 јануари и наречен е уште и Женски Водици. Во минатото во Скопје постоел обичај во кој за време на овие денови зетовците и машките деца-првенци, како и невестите и женските деца-првенци, соодветно, биле капени во реката Вардар и попрскувани со светена вода од страна на поп.

 

 

 

Во денешно време, секоја година на 19 јануари, во сите населени места во Македонија традиционално свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема водена површина, а луѓето скокаат по крстот. Се смета дека тој што ќе го фати крстот од водата ќе има исклучителна среќа во тековната година.

Ритуалот го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан. Најмасовни фрлања на крстот, кои би можеле да ги посетите, се оние во Скопје на реката Вардар и во Охрид во Охридското Езеро. Времето е студено, водата е ладна, но ништо од тоа не ги спречува верниците да влезат и да пливаат во неа во обид да го дофатат крстот. Овој православен обичај е еден од најспецифичните во Македонија – не пропуштајте го.

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.