Охридски маратон
Секое лето, љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје, со задоволство се собираат во околината на Охрид и Струга за да ја просведочат неверојатната издржливост и умешност на најдобрите маратонци собрани од сиот свет, кои во езерските води се натпреваруваат на Охридскиот маратон.
Оваа најголема меѓународна спортска манифестација во Македонија добива силна конкуренција секоја година и во машка и во женска категорија. Најуспешните тројца во двете категории се наградуваат со соедветен медал и со награден фонд.
Првата маратонска трка на релацијата Горица-Охрид во должина од 2,5 километри е одржана во 1954 година, а првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани-Струга-Охрид, во должина од 36 километри. Од 1992 година, Охридскиот маратон се одржува годишно, а од 1998 година ова натпреварување на отворени води станува дел од програмата на Меѓународна пливачка федерација, ФИНА.
Патеката Климе Савин, која маратонците мораат да ја препливаат, изнесува 30 километри и почнува од манастирот „Св. Наум“, а завршува на пристаништето во Охрид.
Дојдете на прекрасното Охридско Езеро да ја дадете поддршката што овие учесници ја заслужуваат и уживајте во прекрасниот летен амбиент покрај плажата или во некој чамец во водата.