Прокупец

Специфичната сорта прокупец е малку подзаборавена балканска сорта на грозје, каква што не може да се сретне на друго место. Во Македонија се одгледува на ограничени површини, најмногу во Пелагониско-Полошкиот и Пчињско-Осоговскиот регион.

Сортата зрее многу доцна, а лушпата е дебела и има темносина боја. Се одликува со добра родност и претставува приносна сорта. На прокупецот му требаат плодни и умерено влажни почви, а на слаби почви и суви терени страда од суша.

Прокупецот одгледан во добри услови дава добра основа за засилување на црвените вина. Затоа е соодветен и за спојување со други црвени вина.

Виното од прокупецот претставува одлична хармонија на боја, мирис и вкус. Има средна јачина, добро е обоено, лесно и пивко.

Ова вино е освежително, најчесто има јачина од 10 до 13 проценти алкохол. Се одликува со рубин црвена боја, a мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша. Најдобро би било да го послужите на температура од 16-18°C со лесни предјадења, тестенини и варива.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.