Посна трпеза

 

Посна трпеза

 

Луѓето што се придржуваат до традицијата сѐ уште прославуваат одредени денови од годината, кога ја отвораат вратата во својот дом за поблиската фамилија или за најдобрите пријатели. Тоа се деновите на куќна слава. Голем дел од славите се посни, па во тој случај, софрата треба да содржи јадење без месо.

Едно од најпознатите посни јадења во Македонија, но и воопшто едно од најмаркантните гастрономски дострели, е традиционалниот специјалитет – тавче гравче. Тој се прави од свеж македонски грав, бара големо внимание и умешност при подготовката, а се сервира во земјена тава, која на прекрасно зачинетиот вкус му дава уште една посебна димензија.

 

 

 

 

Неодминливо посно јадење е и сармата, која претставува обележје на македонската кујна. Се прави од кисела зелка, чии листови се одвојуваат на малечки парчиња, а потоа во нив се става мешавина од ориз и неколку зачини и мирудии. Сето тоа се обвиткува за да се добие специфичната форма на ова вкусно јадење, кое е најкарактеристично за зимскиот период. Кога ќе го почувствувате вкусот на сармичките, нема да посакате да ги оставите – едноставно се топат во уста. Секако, доколку не постите, може да вкусите и сарми полнети со мелено месо.

Посните полнети пиперки, кои се прават од т.н. бабури, се уште еден специјалитет.

Ако сте вегетаријанец, македонската посна трпеза ќе стане празник за вашето непце, но и ако не сте вегетаријанец и ако сте поканети на нечија посна слава – не грижете се, нема да зажалите, бидејќи покрај толкав избор на вкусни посни јадења сигурно нема да останете гладни.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.