Дуф водопад


Дуф Водопад

Во долината на реката Радика, во реканскиот крај, во подножјето на планината Дешат, во националниот парк Маврово, е сместено планинското село Ростуше, во чија непосредна близина се наоѓа природната реткост и убавина - Дуф водопад. Она што овој водопад го прави посебен и го издвојува од останатите водопади е висината на карпата од која паѓа водата. Паѓајќи водата од таа висина создава неверојатен звук и глетка која потсетува на нешто многу моќно и грандиозно. Природата прави чуда, па така го створила и овој Дуфски водопад. На пролет сликата на водопадот и чувствата кои ги предизвикува кај посетителите се многу поголеми и по реални. Овој феномен настанува со топењето на снегот, водата надојдува и е скоро за дупло повеќе зголемена од вообичаено ниво, па така се добива многу поимпресивно чувство.


Дуф Водопад

Тој претставува ерозивен водопад кој е создаден како последица на регресивното всекување на речното корито на Ростушка Река. Според геолошката структура, најзастапени се карбонатните карпи. Вкупниот вертикален отсек на Дуф Водопад изнесува 23,5 м, а подинскиот дел содржи џиновски лонец. Дуф Водопад е полноводен во текот на целата година, при што протокот е двојно поголем во текот на зимата, а во просек изнесува околу 90 л/с.


Дуф Водопад

Дуф Водопад - патешествие покрај природни реткости

Водопадот се наоѓа на леснодостапно место и за да се дојде до него не е потребен голем физички напор. До него води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри. Доколку се пешачи со просечно темпо, до водопадот се пристигнува за половина час. Од половина пат, патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа Дуф Водопад, скриен позади карпите, со висина над 28 метри. На местото е поставена алпинистичка опрема со која посетителите може да се искачат по карпите што го обиколуваат водопадот. Луѓето го посетуваат Дуфскиот водопад и околниот регион и се разладуваат од завесата од капки која како дожд ги испушта водата паѓајќи по должината на Дуф Водопад.


Повеќе информации за водопадот Дуф на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.