Косоврасти
Бањата Косоврасти се наоѓа во подножјето на планината Крчин, непосредно покрај реката Радика во близина на Дебар. Изворот е со капацитет од околу 60л/сек.
Температурата на водата е 48 степени и се одликува како сулфурно-сулфидна со голем степен на радиокативност и присуство на сулфурни бактерии и алги погодни за лечење и за научни цели.
Со ваквите карактеристики водата се користи за лечење на зголемен крвен притисок, ревматични заболување, дијабетис, кожни заболувања, воспаление на дишните органи.
