Пешна

 

Пешна

Неколку километри до Македонски брод, покрај патот за Самоков, може да се види пештерата Пешна, прогласена за споменик на природата. Се наоѓа од десната долинска страна на треска. Изградена е во доломитски мермери. Со димензии 16,8 * 52,4 метри, според спереолозите, ова е најголемиот пештерски влезен отвор на Балканот. Таванскиот дел на отворот има висина од 30 метри, а самата пештера околу 50 метри.

При силни дождови и при топење на снегот, од крајниот северен дел на пештерата избива силен вруток, кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. Пешна во "Нујорк Тајмс" е опишана како идентична на измислените пештери во "Господарот на прстените". Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, нудејќи идеално место за рибарење и пикник. Локалитетот на пештерата е пристапен за сите посетители, со пријатен амбиент за рекреативен туризам.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.