Тиквешко езеро - дестинација за рекреација
Сместено на самото корито на Црна Река, 12 км југозападно од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци, на надморска височина од 165 метри мирува Тиквешко Езеро. Има конусна форма, а се претега во правецот север-југ. На север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево; на запад се граничи со атарите на с. Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново. Бреговите на Тиквешко Езеро се накитени со природни реткости и со споменици на култура. Температура на водата од 24 Целзиусови степени го прави Тиквешко Езеро погодна летна дестинација за разни видови спортови или за уживање во капењето. Археолошките локалитети во крајбрежниот појас, културно-историските споменици и важноста на зачувување на генетскиот фонд од орнитофауната, го прават Тиквешко Езеро интересна дестинација за истражување.
Карактеристики на Тиквешко Езеро
Тиквешко Езеро е најголемо вештачко езеро по површина , длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Зафаќа површина од 14 км2 и должина од 29 км. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони м³ вода. Водата од Тиквешко Езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот „Тиквеш“, а во близина на браната е подигната хидроцентралата Тиквеш. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 м.
Вкупната должина на Тиквешко Езеро при полн капацитет со вода изнесува 28,5 км. Вкупниот волумен на водата во Тиквешко Езеро изнесува околу 400 милиони км3, при максимална кота на акумулацијата од 265м надморска висина. Корисен волумен на вода на акумулацијата изнесува околу 240 милиони м3, при што каналот за наводнување "Тисовец" се наоѓа на кота 245м надморска висина. Минималната кота на водата во акумулацијата е 233м надморска височина.
Тиквешко Езеро има три трајни острови. Најголемиот се нарекува Градиште, зафаќа површина од 2,3 ха и не е населен. Покриен е со густа шума, а можат да се забележат и остатоци од некогашни градби, по кои е наречен. Другите две се мали островчиња со куќи и придружни објекти, на мошне мало растојание од брегот. Едното е во атарот на Брушани, а другото кај одливот на езерото во р. Блашница.
Клима на Тиквешко Езеро, Тиквешијата
Тиквешијата во климатски поглед претставува подрачје во кое се мешаат медитеранската, континенталната и планинската клима. Влијанието на медитеранската клима која продира од Егејското Море, по должината на реката Вардар, значајно влијае на зголемување на средната годишна температура. Тиквеш е еден од најтоплите реони во Р.М. Неговата средна годишна температура изнесува 14.1 C. Најтопол месец во годината е Јули, со средна температура од 25,6 C. Централната област на Тиквеш спаѓаше во најсувите подрачја во нашата земја. Годишен просек на врнежи за целото подрачје изнесува околу 420мм, од кои поголемиот дел спаѓа во вонвегетациониот период. Со изградбата на акумулацијата, видно се измените климатските услови во Тиквешијата. Во последните десетина година, есенско-зимскиот период е доста богат со врнежи, што пак допринесува за снижување на просечните температура во овој регион. Период се карактеризира со нешто пониски температура, така да сега има поблаги зими и посвежи летни периоди.
Флора на Тиквешко Езеро
Планинските масиви кои го оградуваа Тиквешкото Езеро се слабо зашумени. Шумите главно се листопадни и нискожбунести, кои не можат да се користат за индустриски цели. Најзастапени се следните видови: даб, габер, тиса, дива фоја, грипа, смрека, додека борот се јавува многу слабо на горната страна од езерото. На средниот дел од езерото, на левиот брег, северно од месноста Полошко се сретнува дрвото наречено „Гол човек“ (Arbutus andrachne) кое е зимзелено и претставува реткост во Европа. Карактеристично е за шумите, посебно дабот кој е доста богат со жир и претставува добра храна за голем дел на животинските видови (питоми и диви).
Фауна на Тиквешко Езеро
Значајно е да напоменеме дека во овие планински предели може да се сретне разновиден дивеч, од кои најчесто се: дива свиња, срна, волкот, лисицата и зајакот. По целото крајбрежје се одгледува крупна стока и тоа: говедо од расата „буша“, која е практично најзастапена како и мал број товарни грла: коњи и мазги, додека од ситната стока се одгледува коза и мал број на свиња.
Со изградбата на акумулацијата, на целото крајбрежје на Тиквешко Езеро, се населија разни видови на езерски птици. Најмногубројни се: корморан, сива чапја, дивите бели галеби, преку зимскиот период - диви шатки. Исто така, на овој предел, посебно карпестиот, на планината Вишешница и Голема Рудина, можат да се сретнат разни птици грабливки. Најкарактеристички се: кањата (Neophron percnopterus), белоглавиот орел и брадестиот орел кои се во изумирање, потоа соколот, и други.
Во Тиквешко Езеро е утврдено присуство на повеќе видови риби, од кои достапни за риболовците се крапот, карашот, црвеноперката, кленот, бојникот, белвицата, мрената, перкијата, кострешот, како и еден вид сом. Иако е застапен само со еден вид од своето семејство, сомот се издвојува по своите карактеристики. Тиквешките сомови може да достигнат должина од над две метра и тежина преку 100 кг. Оваа област е и природен резерват во кој љубителите на птици може да набљудуваат 23 вида птици-грабливки. Што го прави едно од најважните орнитолошки места во Европа.
Културно-историски споменици на просторот на Тиквешко Езеро
На просторот на Тиквешко Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и културно-историски споменици, кои сеуште не се истражени. Тие преставуваат културно-историски богатства во нашата држава. Во поновиот период, односно од Втората светска војна истотака има места кои одиграле заначјни улоги во НОБ. Од античкиот период на овој простор се откриени повеќе локалитети како например Римските гробишта кај с.Клиново и населба Црквиште. Значајни локалитети од средновековниот период познати се: населбата Тиквеш, пештарската црква "св.Лазара" (во близина на вливот на реката Каменица во Тиквешко Езеро). Како и Полошки манастир "св.Ѓорѓи" (споменик од 19век), и пештарската црква "св.Марко" (во близина на с.Драдња).
Туристички знаменитости
Еден од драгоцените украси на бреговите на Тиквешко Езеро со културно-историска вредност е Полошкиот манастир со црквата посветена на свети Ѓорѓи. Значаен споменик на културата од XIV век богато украсен со фрески. За него се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу сличен со охридските црковни градби. Езерското крајбрежје е и популарна дестинација за одмор и рекреација и по некое фрлање трска, на кое се изградени голем број викендицчки.
Рибарски легенци на Тиквешко Езеро
Локалното население ќе ви ја раскаже тиквешка рибарска приказна што се пренесува со генерации. Легенда за огромни риби во Тиквешко Езеро кои голтале цели чамци заедно со луѓето во нив. Легенда или не, необичните риби на дното на езерото ги имаат забележано во поново време и нуркачки експедиции. Се претпоставува дека сомовите што живеат во Тиквешко Езеро се многу стари и со несвојствена големина. Според рибарската легенда се верува дека најголемиот е колку кит. Сомовите се мрзливи суштества што претаат во песокот на дното, а на површина излегуваат само да ја отворат устата чекајќи нешто да влезе. Не е исклучено и да ја имате таа среќа да видите некој од овие водни ѕверови.
Повеќе информации на следната страна.