Дојранско Езеро


Медитерански амбиент на бреговите на Дојранско Езеро

Вистинското место на кое може да го почувствувате климатсткото влијание од Медитеранот е околината на Дојранскo Езеро, на југоисточниот дел од Македонија. Отвореноста кон југот и ниската надморска височина (148 метри) причинуваат средна годишна температура на водата да биде околу 15-18 степени. Додека во лето дури до 25-27 степени, така што може да помислите дека се наоѓате во води на некое тропско езеро. Вистински медитерански амбиент на бреговите на Дојранско Езеро.


Дојранско Езеро

Лековитите својства на калта од Дојранско Езеро

Дојранското Езеро, со површина од 43,1 km2, е најмалото тектонско езеро во земјава. Воедно и најплитко – со максимална длабочина од 10 метри – и претставува реликтен остаток од некогашното плеоценско Пеонско Езеро. Покрај западниот брег на Дојранско Езеро се наоѓаат двете рибарски населби Стар и Нов Дојран, кои се повеќе се доближуваат една до друга, правејќи природен спој. Летата во Дојран се жешки и суви, а зимите се благи и влажни. Богатството од ендемски видови алги што живеат во Дојранско Езеро ќе ви овозможи да се надишете јод, а не пропуштајте на себе да нанесете малку од лековитата дојранска кал. Ако барате место за одмор и смиреност, во прегратка на медитерански амбиент, опкружени со неповторлива убавина на околината, тогаш Дојран е вистинското место за вас.


Дојранско Езеро

Легенда за Дојранско Езеро

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем бунар од кој луѓето од околните населби полнеле вода и го затворале бунарот со девет катанци. Еден ден по вода заминала најубавата девојка која се викала Дојрана, а покрај бунарот ја чекало нејзиното момче Лабин. Занесена од милувањата, таа заборавила да го затвори деветтиот катанец. Од бунарот почнала да тече вода која ја преплавила целата котлина. Така се создало Дојранско Езеро што го добило името по девојката Дојрана.

Флората и Фауната на Дојранско Езеро

Дојранското езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Богато е со фитопланктон (од кој најзастапени се се сино-зелените алги Cyanophycea) и зоопланктон (од кој се застапени 23 видови ракчиња и поголем број школки). Високата продукција на планктон значи и богатство со риба. Во Дојранско Езеро има околу 15 видови риби. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE.


Дојранско Езеро

Ловење со корморани во Дојранско Езеро

Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри. Ова е едно од ретките места во светот каде рибите се ловат со помош на птици. Дојранчани се особено горди на својата рибарска традиција. Мандра е воден простор во близина на брегот, во кој има рибарска куќичка, а од три страни е заграден со трска. Подготовките за ловење риби на овој стар традиционален начин започнуваат во октомври и траат се до март. Во октомври се оградуваат две страни со трска, а страната кон Дојранско Езеро се остава отворена.


Дојранско Езеро

Кога кормораните надоаѓаат во текот на ноември, барајќи храна се приближуваат кон оградата, бркајќи ги натаму и рибите. Рибарите кога ќе констатираат дека има доволно риба го заградуваат и третиот дел на мандрата откај Дојранско Езеро. Тие ги фаќаат птиците во делот наречен пиликатник, им ги сечат крилјата и ги пуштаат на оградата од кај езерото. Со што не им дозволуваат на рибите да излезат од заградениот простор. Птиците со исечени крилја се нарекуваат аргати. Како поминува времето оградата се повеќе се стеснува и се приближува кон брегот, при што се создава мал простор наречен котец од каде се црпат рибите.


Повеќе информации за Дојранско Езеро на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.