Старо Нагоричане


Старо Нагоричане и црквата „Св. Ѓорѓи“ во спомен на Прохор Пчински

На 25 километри од Куманово, во подножјето на планината Руен, на десниот брег на Пчиња, се наоѓа селото Старо Нагоричане. Ова место има историско значење, зашто во негова близина проаѓал магистралниот пат Виа Егнација. Камената патека сѐ уште може да се посети. Најзначајно духовно богатство на селото Старо Нагоричане е црквата „Св. Ѓорѓи“ од 11 век, која има огромно значење и претставува прекрасен примерок од средновековната византиска архитектура. Над црквата се наоѓа испосничката пештера на св. Прохор Пчински.


Старо Нагоричане

Старо Нагоричане - Легендата за срната

Необична легенда е врзана за изградбата на старата црква од византискиот император Роман IV Диоген во 11 век. Се смета дека првата црква е изградена како храм на благодарност кон пустиникот и светител Прохор Пчињски, за кого се претпоставува дека престојувал во пештера во близината на црквата. Според легендата, која сѐ уште е жива меѓу локалното население, Роман Диоген ловејќи по околните шуми ранил срна, која побегнала во пештерата во која таа живеела со светецот. Диоген следејќи ја трагата на крвта стигнал до засолништето на старецот, кој го замолил да не ја убива срната. Тој му прорекол дека кога ќе се врати во Цариград ќе стане византиски цар. Откако пророштвото се обвистинило, Диоген во знак на благодарност ја подигнал црквата.


Старо Нагоричане

Културно- историски споменици во Старо Нагоричане

Во селото Старо Нагоричане на одредени места може да ги видите многубројните напуштени куќи, кои сведочат за долгата историја и кои ја претставуаат староселската архитектура. Но, голем број од населените куќи се реновирани и имаат уредени дворови со прекрасни тревни површини и цветни леи. Над Старо Нагоричане може да ѝ се препуштите на прошетката низ боровите дрвја. Во близина на селото се наоѓа Зеберњак, спомен-костурницата за Кумановската битка што се одвивала на овие прстори во текот на Првата светска војна, кога српските војници извојувале победа. Недалеку ќе наидете и на Костоперската карпа, која е познат археолошки локалитет во кој е пронајдена карпеста уметност.


Старо Нагоричане

На неколку километри од селото, се наоѓа мистичното место наречено Свет даб, кое меѓу локалното население важи за свето место. Посетителите често доаѓаат тука да медитираат и да вежбаат јога и нивното искуство вели дека на ова место постои силно енергетско поле – со чудесна позитивна енергија.


Повеќе информации за Старо Нагоричане на следнава страна.




 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.