Манастир и Витолишта


Мариово едно од најживописните области во Македонија

Мариово е историски, културно и природно богат регион. Тоа е една од најживописните области во Македонија. Рурален регион со неверојатни пејзажи на бесценетата природна убавина. Најпозната е мариовската (женска) носија која е меѓу колоритно најбогатите Македонски народни носии. Интересен е податокот дека невестинската Мариовска носија тежи цели 48 килограми! Мариово како област изобилува и со народно творештво особено со народни песни, митови, легенди и преданија. Огромен дел од нив се запишани во книгите на Марко Цепенков. Мариово е и туристичка атракција, која привлекува со големите изобилства на митови во кои е опишувана. Мариово е област која е позната и по народните приказни. Според народните приказни наводно во Мариово живеел Итар Пејо, голем мудрец. Тоа е дело на македонскиот писател Марко Цепенков.


Манастир и Витолишта во Мариово

Витолишта

Селото Витолишта се наоѓа на оддалеченост од 46 километри од градот Прилеп. Извишено е на височина од 830 метри. Ова село е опишано во еден од најпознатите македонски писатели Стале Попов, кој е роден во ова село. Витолишта се наоѓа на планината Козјак. Се одликува со бројни културно-историски споменици, цркви и манастири богати со фрески и богата културна традиција. Црквата „Св. Илија“ во склоп на манастирската црква на Витолишкиот манастир изградена во 1872 година, се одликува со исклучително богат фрескоживопис создаден од познатиот зограф Аврам Дичов, син на Дичо Зограф. Селото е препознатливо и по прочуеното Мариовско биено и бело сирење.


Манастир и Витолишта во Мариово

Манастир

Манастир се наоѓа во централниот дел на Мариово, по долината на десната страна на Црна Река. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 690 метри. Најголемиот дел од површината им отпаѓа на пасиштата, а шуми речиси воопшто нема. Во близина на живописните каноњи на Црна Река, се наоѓа манастирот „Св. Никола“, кој датира од крајот на 11 век. Мариовскиот рурален крај е еден од најспецифичните во земјава – заслужува да проверите зошто е тоа така.


Манастир и Витолишта во Мариово

Повеќе информации за Манастир и Витолишта во Мариово на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.