Лесново

Едно од најуникатните села на територијата на Македонија, особено по својата местоположба, е несомнено селото Лесново. Тоа е единственото населено место во Македонија што лежи во јасно изразен и сочуван фосилен вулкански кратер. Лесновскиот кратер претставува споменик на природата и геолошки раритет.

Лесново е едно од најстарите села во Македонија. Низ вековите, ова село никогаш не ја променило својата положба. Населението со векови изработувало воденички камења од квалитетните карпи. Поради својот исклучителен квалитет, овие камења биле испорачувани насекаде по Балканот. Во атарот на селото се наоѓаат и неколку пештерски цркви.

 

Lesnovo

 

 

Лесново било прибежиште на најзначајните духовници на Балканот во средниот век, а тука живееле четирите големи испосници (Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновскикои), кои по достигнувањето на духовната зрелост, заминале да ја шират духовноста на други простори. Делата од познатата средновековна Лесновска книжевна школа имаат непроценлива вредност и се наоѓаат во музејските депоа ширум Европа. Во периодот меѓу 10 и 14 век во Лесново била создадена и првата монашка република на Балканот.

Традиционалните лесновски куќи се градени од камен, дрво и плетар, со високи чардаци. Се вели дека лесновксата трпеза го има најслаткото јагнешко месо во земјава, а неспоредливо по квалитет и вкус се киселото млеко и сирењето. Специфичен е и природниот мед и соковите од коприва, дудинка и бозел.

Искачете се до некоја од двете набљудувачници на Лесново и наситете го погледот од прекрасната панорама на овој крај. Прошетките во природа претставуваат едни од најубавите доживувања. Кон бајковитото Лесново секогаш ќе ве влече мистична сила, затоа што ретко се наоѓа ваков спој на природни, културно-историски и духовни вредности.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.