Брајчино


Многувековното село Брајчино

Никогаш нема да дознаете колку кристално чист, свеж и лесен може да биде воздухот сѐ додека не го посетите многувековното село Брајчино. Поминувајки покрај Ресен, се сместувате во пазувите на планината Баба, на надморска висина од 1000 метри, покрај долината на бистрата Брајчинска река. Реката го опфаќа атарот на селото и го дели на два живописни дела кои изобилуваат со богата флора и фауна. Околу вас се простира шумата и срамежливиот разнолик животински свет скриен во неа. Над вас се издигнуваат неколку планински врвови, а од недалеку погледот ви го наситува спокојното синило на Преспанското Езеро. Поради близината до Преспанско Езеро, за љубителите на водата и птиците интересни дестинации се и островот Голем Град и орнитолошкиот резерват Езерани. Kако и Подмочани каде што се наоѓа музејот со најмногубројната колекција на народни носии.


Брајчино

Планинска убавина во село Брајчино која нуди рекреација

Вдишувате и ги полните градите со опојниот мирис на шумските плодови, ја запознавате прекрасната околина преку пешачките, планинските и велосипедските патеки. И, сфаќате дека сте дојдени на местото каде што и тишината мирува. Чувствувате слобода каква што може единствено да ја разберат птиците-преселници, кои секоја година го одбираат Брајчино како попатна станица за одмор и за храна. Селото изобилува со извори и брзи водотеци. Во Брајчинска Река плива еден од најстарите видови пастрмка, а еловата шума има најголем процент на прираст на годишно ниво во Европа.


Планинските падини околу Брајчино изобилуваат со густа букова и дабова шума. A, од самото село почнувајќи од ширината на игралиштето пред Горното Маало водат неколку обележани планинарски патеки.  Низ густата букова, дабова и ореова шума богата со извори патеките водат кон врвот Пелистер (3 часа) и Големото Езеро од Пелистерски Очи (6 часа). Продолжуваат до планинарските домови Неолица и Копанки и селото Нижеполе во Битолско, кои се обележани со патоказни табли и планинарско обележување (маркација).


Брајчино

Шармот на традиционалното живеење во Брајчино

Старите селски куќи ги краси автентична архитектура, која потекнува од 19 век, но има и многу модерни домови. Многумина знаат да речат дека Брајчино е урбано село во поглед на стилот на живеење и изгледот на градбите. Тоа не зачудува, со оглед на тоа што на почетокот на 20 век во ова село и во околните се одржувале балови. За крај од долгата прошетка неизбежно е да се засладите од неодоливо вкусниот мармалад, слатко или компот. Пoдготвени од жителите на селото Брајчино, кои се врвни мајстори на кулнарскиот занает. А може и да си ја затоплите душата со неколку голтки од уникатниот ликер од шумско овошје. Задолжително прошетајте до манастирот Св. Петка и петте цркви во селото- Св. Никола, Св. Богородица, Св. Илија, Св. Арангел и Св. Атанас. Брајчино и официјално е вброено меѓу туристичките дестинации што негуваат еколошки туризам.


Брајчино

Повеќе информации за село Брајчино на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.