Бабино

 

Постои верување дека на еден од трите рида меѓу кои е сместено селото Бабино минал и апостол Павле при неговата посета на Македонија. Можеби токму затоа овој крај е необично благословен со исклучително богатство на питка вода. Само по текот на Базерничка река, речиси на секои сто метри постои по еден извор, сѐ до вливот во Црна Река.

 

Babino

 

 

Секој намерник во селото може да згасне и поинаква жед – жедта за просветлување. Тоа е благодарение на најголемата приватна библиотека во Македонија што има тривековна колекционерска традиција. Библиотечниот фонд се состои од неверојатни 25.000 наслови. Содржи ретки изданија и уникатни дела напишани на персиски, старотурски, старословенски и на арапски јазик. Најстаро издание претставува Арапскиот речник од 1307 година. Библиотеката е сместена во куќа со традиционален изглед, во неа постои отворена етно-соба, додека пак во дворот е изграден приватен амфитеатар, каде што се одржуваат промоции, поетски читања, музички концерти и др. настани. Интересно е и тоа што од Бабино потекнуваат 162 учители, кои по Втората светска војна ја ширеле писменоста низ цела Македонија.

По течението на Базерничка Река се наоѓа и рибник, каде што може да се вкусат многу рибини специјалитети, но и неколку вида традиционална македонска храна. Локалното население е вешто во обработка на дрво, ткаење, везење и други традиционални вештини. Куриозитет претставува тоа што мештаните и во стари години имаат бујни коси. Се верува дека поседуваат таинствен лек против опаѓање на косата. А покрај сето зеленело и шумско богатство со најразлични плодови и лековити растенија, на идеална надморска висина од 750 метри, не е ни чудно тоа што просечниот век на жителите достигнува и до 90 години!

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.