Чашка

Во средишниот дел на Македонија се наоѓа руралната општина Чашка, која се одликува со одлична географска положба. Во склоп на оваа општина се наоѓа највисокиот врв на планината Јакупица, Солунска Глава (2540 метри), како и атрактивните реки Бабуна и Тополка, по чие течение се простира алувијална рамнина, која е настаната поради речните наноси.

Во рамките на оваа општина се наоѓаат и некои од најубавите села во Македонија, како што се Папрадишта, Нежилово, Теово, Врановци и Богомила, во кое според некои историчари започнува Богомилското движење во првата половина на 10 век.

 

chashka

 

 

Нежилово се наоѓа во подножјето на планинскиот масив Јакупица, во долината на реката Бабуна, на надморска височина од околу 700 метри. Освен што ќе им се воодушевите на куќите со специфичната рурална архитектура, при што доминираат куќите од камен, најчесто изградени на два ката, можете да им се восхитувате на огромните карпести отсеци на Јакупица северно од селото, наречени Нежиловски Карпи, високи над стотина метри. Може да се впуштите во прошетка во подножјето на карпите, до изворот на рекaта Бабуна со преубавиот водопад, или да здивнете во просторот прекриен со густа дабова, букова и мешана шума.

За планинарите најголема радост се планинско-рекреативните патеки што водат до планинскиот дом Чеплес, до изворот на Бабуна и кон највисоките делови на Јакупица. За најиздржливите и најупорните – неминовно е искачувањето на Солунска Глава, од каде што, се вели, ако денот е ведар – може да се види дури и градот Солун.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.