Чашка


Чашка област со најубавите села во Македонија

Во средишниот дел на Македонија се наоѓа руралната општина Чашка, која се одликува со одлична географска положба. Оваа општина е позната по највисокиот врв на планината Јакупица, Солунска Глава (2540 метри). Како и атрактивните реки Бабуна и Тополка, по чие течение се простира алувијална рамнина, која е настаната поради речните наноси. Во рамките на оваа општина Чашка се наоѓаат и некои од најубавите села во Македонија. Како што се Папрадишта, Нежилово, Теово, Врановци и Богомила. Во Богомила според некои историчари започнува Богомилското движење во првата половина на 10 век.


Чашка

Руралната општина Чашка - Искачување на Солунска Глава

Општина Чашка поседува атрактивни археолошки, амбиентално екскурзивни локации, значајни архитектонски белези и споменици на културата , како суштински елементи за развој на туризмот. За планинарите најголема радост се планинско-рекреативните патеки. Истите водат до планинскиот дом Чеплес, до изворот на Бабуна и кон највисоките делови на Јакупица. За најиздржливите и најупорните – неминовно е искачувањето на Солунска Глава.  Планинарите велат, ако денот е ведар – може да се види дури и градот Солун.


Чашка

Особено интересна за спеолозите е пештерата Дамјаница, како и голем број на јами. Вистински предизвик за алпинистите е гребенот кој се наоѓа под врвот на Солунска глава кој се наоѓа со висина од 650 м и ширина од 2км е еден од најголемите на Балканот. Водопадите на река Бабуна се наоѓа на изворот на река Бабуна и има височина од околу 15 м. Пештерата кај изворите на река Бабуна е најголем потенцијален пештерски комплекс во Република Македонија. Општина Чашка е финансиер на истажувањата кои се од меѓународен карактер и до сега се истаржени повеќе од 3000 метри должина.

Руралната општина Чашка - Нежилово под Јакупица

Нежилово се наоѓа во подножјето на планинскиот масив Јакупица, во долината на реката Бабуна, на надморска височина од околу 700 метри. Освен што ќе им се воодушевите на куќите со специфичната рурална архитектура, при што доминираат куќите од камен, најчесто изградени на два ката, можете да им се восхитувате на огромните карпести отсеци на Јакупица северно од селото. Тие се наречени Нежиловски Карпи, високи над стотина метри. Може да се впуштите во прошетка во подножјето на карпите, до изворот на рекaта Бабуна со преубавиот водопад. Или да здивнете во просторот прекриен со густа дабова, букова и мешана шума.


Чашка

Повеќе информации за Чашка на следнава страна.






Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.