Пастрмка

 

Пастрмките живеат претежно во Европа, а македонските реки изобилуваат со овој вид на риби чие ловење отсекогаш претставувало вистински  предизвик.

Охридската пастрмка (Salmo letnica) e ендемна риба што живее во Охридското Езеро. Таа е најблизок потомок на видовите што живееле тука уште од периодот на терциерот. Најголемата должина на рибата е од 25 до 60 сантиметри. Оваа пастрмка има и три подвидови: летница, струшка пастрмка и охридска белвица. Охридската пастрмка се разликува од поточната пстрмка по сплеснатото тело, малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Кај некои пастрмки бојата на месото бела, додека кај други е розевкаста.

 

 

 

 

 

 

Македонската пастрмка го населува горниот тек на Вардар, како и притоките Кадина Река и Треска, а достигнува тежина до 3 килограми. Особено впечатлив терен за вистинсктите љубители на риболовот и природата е живописниот предел покрај течението на Радика. Радичката пастрмка може да достигне тежина и до 5 килограми, а е неодоливо вкусна. 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.