Шумската шлука е крајбрежна птица со средна големина, која живее во пределот на умерена и субарктичка Евроазија. Оваа птица-преселница во Македонија мигрира од 2-3 недели до месец дена, најчесто во средината на октомври до средина на ноември.
Во ловиштата низ Македонија може да се набљудува и да се лови. Нејзино живеалиште се големите шуми, а најактивна е во мугри и самрак, ретко преку ден.
Поради големината, брзината и начинот на летање, шумската шлука отсекогаш претставувала предизвик за ловџиите. Оваа „кралица на ловот“ се лови во лет и тоа наутро, во она волшебно време кога се будат и чудесните македонски шуми.