Волк

 

Волк

Велат, кога трчаш по волкот е како да трчаш по сенка, како да ги бркаш ретките светлосни зраци во темнината. Токму затоа ова животно претставува вистински предизвик за ловџиите и најтешко е да се улови. Во Македонија најмногу се среќава на планинските и сточарски делови на Кораб, Стогово и Бистра, во прекрасните планински пејзажи. Распространет е во текот на целата година, во речиси сите македонски ловишта, а неговата бројност варира.

Погодноста за ловџиите претставува и фактот што во Македонија волкот претставува штетен дивеч и затоа е дозволено да се лови, но и трофеите најчесто се значително повпечаливи во однос на оние од другите европски земји. Дојдете и тестирајте го својот инстинкт во дивите македонски планински шуми. Волкот чека...

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.