Орел

 

Орел

Орлите се разликуваат од останатите птици-грабливци по својата големина и моќна градба, па затоа често се се сметаат за симбол на проникливост, храброст, сила и бесмртност. Во Македонија се среќаваат 10-15 видови орли, а во зависност од видот и од тоа со што се хранат, може да се сретнат на повисоки или на пониски места, па ги има на планини, но и по низини. Иако орлите можат да се сметаат за штетници, тие се забранети за лов поради нивната мала бројност и поради опасноста од исчезнување. Во Македонија најприсутен е суриот орел, кој е најголем од сите орли на оваа територија.

Белоглавиот мршојадец го има најмногу во околината на Демир Капија, Мариово, Осогово и кај езерото Матка. Демиркаписката клисура е еден од најбогатите резервати на ретки птици во Европа, а тука може да се сретнат бел и египетски мршојадец, златен орел, орел-змијар, лисест глувчар, како и различни видови соколи и други ретки видови птици забранети за лов. Дојдете во Македонија за да го видите раскрилениот орел во лет под ведрото македонско небо и почувствувајте ја величественоста на глетката. Доближете се барем еден чекор повеќе до бесмртноста.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.