Мечка

 

Мечка

На територијата на Македонија се среќаваат изолирани популации на подвидот евроазиска кафеава мечка (Ursus arctos arctos). Таа има светло до темно кафена боја на крзното, а во одредени случаи е и црвеникава и речиси црна. Обликот на главата е топчест со мали и округли уши, а мечката има и моќна структура на коските и широки шепи со големи канџи. Во Македонија е трајно заштитен вид и постои забрана за лов уште од 1996 година. Се среќава во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер, како и во околината на Јасен.

На прошетка по шумите, може лесно да се забележат траги оставени од мечка. Во повеќето села се случува некоја мечка да се симне од планината во потрага по храна. Инаку, ова животно е речиси постојан лик во македонските народни приказни со  животни, а во Македонски Брод е пронајдена скулптура во облик на мечка, која датира од неолитот, така што може да се забележи култот што народот го уважувал кон ова животно.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.