Дива Коза

 

Дива Коза

Дивата коза во Македонија се среќава на карпести и високи планински региони, како што се националниот парк Маврово, Бистра, Стогово, Кораб и низ целата Шар Планина. Може да се забележи групација и до 50 дивокози. Преку зимата се спуштаат на пониски предели, па влегуваат и во шумските подрачја. Одбираат недостапни терени и имаат одличен вид, па мора особено да се внимава да не бидете забележани.

Дивата коза излегува на пасење рано изутрина и приквечер, а преку денот се одмора во карпести ниши или во пештери со добра прегледност кон околината. Додека ги ловите или само набљудувате, може да уживате во прекрасните планински терени: во зимска атмосфера или, уште подобро, кон крајот од летото, кога почнува ловната сезона и кога почесто може да се сретне и јарецот, моќното животно кое отсекогаш на овие простори претставувало симбол на генеративната енегија и сила.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.