Спомен куќа на Петре Поп Арсов

 

Спомен куќа на Петре Поп Арсов, село Богомола, Општина Чашка - ЕТНОЛОШКА ПОСТАВКА

Спомен куќата на Петар Поп Арсов — спомен-куќа во селото Богомила, роден дом на македонскиот револуционер Петар Поп Арсов, еден од основачите на Македонската револуционерна организација. Куќата е донирана на Република Македонија од Стамен Поп-Арсов. Во 1986 година куќата била конзервирана и била поставена музејската поставка. Истата година, куќата била прогласена за културно наследство на Македонија. Во текот на повеќе децении оваа спомен-куќа била посетена од илјадници посетители.

Во состав на зградата, има и етнолошка поставка на предмети од АЗОТ. Оваа етнолошка поставка е составена од етнолошки предмети кои ја претставуваат материјалната и духовната култура на населението од пределот Азот,Општина Чашка. Предметите кои се изложени се изработени од дрво, керамика, текстил, стакло, метал.

 

 

Изложени се традиционални метални, дрвени, текстилни и керамички покуќнински предмети кои се употребувале во домаќинството како котле, врчви, стомни, калници, качиња, корита, ковчег, разбој и др. Традиционални дрвени и метални предмети и алатки кои се користеле во народното стопанство како рало, крлак, јарем, сврдел, вила, срп, кош и др. Традиционални текстилни предмети како народна носија, бовчи (скутини), ќилими и др. Сите овие етнолошки предмети се едни од најрепрезентативните предмети од регионот Азот, преку кои се прикажува етничката состојба на населението.

Оваа етнолошка поставка е направена со цел фондот на етнолошките предмети да се презентира пред пошироката домашна и меѓународна јавност а воедно и посетителите да се запознаат со традиционалниот начин на живеење на населението од регионот Азот, и тоа преку предметите кои се користеле за изведување на разни обичаи, традиции и ритуали кои се белег на Азот.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.