Мајка Тереза

 

Спомен-куќата на Мајка Тереза е подигната во центарот на Скопје во 2009 година, во пресрет на 100-годишнината од нејзиното раѓање. Обележјето е изградено во чест на животот и делото на оваа хуманистка и добитничка на Нобеловата награда за мир.

На истата локација порано се наоѓала католичката црква „Пресвето срце Исусово“, која била уништена во земјотресот од 1963 година и во која била крстена Агнеса Гонџа Бојаџиу. Во склоп на денешниот објект се наоѓаат изложбен простор, капела и амфитеатар.

Меѓу изложените документи се издвојува крштеницата на хуманитарката, издадена токму од црквата „Пресвето срце Исусово“ во 1928 година, нејзиното сари, рачно напишаниот молитвеник, бројаницата и распетието, како и дел од наградите кои Мајка Тереза ги има добиено.

 

 

Внатрешноста на изложбениот простор е збогатена со автентичен мебел за да се долови амбиент на градска куќа во Македонија од почетокот на 20 век, кога на овие простори живеела Гонџа Бојаџиу. Над изложбениот простор се наоѓа капела, каде што се одржуваат миси. Подрумскиот дел претставува мултимедијален простор, во кој често се одржуваат промоции, проекции, едукативни проекти и изложби поврзани со животот и делото на Мајка Тереза или со хуманитарната работа на луѓето од целиот свет.

Пред спомен-куќата ќе ве пречека монументална скулптура на една од најголемите хуманитарки во светот, единствената добитничка на Нобелова награда родена во Македонија, а амбиентот во кој ќе влезете вистински ќе ве потсети на нејзиите зборови: „Ајде секогаш меѓусебно да се пречекуваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта.“

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.