Кинотеката на Република Северна Македонија

 

Кинотеката ја започнува својата работа во 1976 година, како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Кинотеката е членка на Меѓународната федерација на филмски архиви (FIAF), Европската асоцијација на кинотеки (ACE) и на асоцијацијата „Еуропа синемас“(Europa Cinemas).

Во рамките на објектот има кинотечно кино со 136 седишта, кое нуди филмско доживување преку редовната филмска програма која се одржува секој работен ден од понеделник до сабота. За време на летните жештини проекциите се одржуваат и во летното кино „Мирно лето“ кое се наоѓа во самиот дворот на Кинотеката, но и во затворената киносала која е целосно климатизирана.

 

Кинотеката на Република Северна Македонија е домаќин на повеќе филмски фестивали, но и самата е организатор на голем број циклуси посветени на значајни филмски автори, режисери и директори на фотографија, како и претставувања на голем број национални кинематографии фестивали, премиери и промоции. Особено внимание се посветува на презентацијата на македонската кинематографија како и европската филмска продукција и класичните „херитиџ“ филмови и историските тетратки.

Во рамки на просториите на Кинотеката се наоѓа и филмскиот архив каде се собираат, чуваат, реставрираат, каталогизираат и обработуваат филмовите, првенствено од националната продукција кои се дел од непроценливото културно наследство на нашата земја.

 

Покрај националниот филмски фонд (филмови снимени во периодот на институционалната кинематографија, од 1947 година до денес), во Кинотеката се чуваат и два фонда од исклучително значење: Филмскиот опус на браќата Манаки (оригиналните нитратни негативи и сите заштитни копии) и документарниот филм „Македонија во слики“ (1923) на Арсениј Јовков (изворна нитратна позитив слика и заштитните копии).

Во фоајето на Кинотеката, посетителите можат да го видат Златниот лав добиен на Филмскиот фестивал во Венеција за филмот ПРЕД ДОЖДОТ (1994).

 

Кинотеката е сместена во објект на ул. Никола Русински бр.1, населба Карпош 1, Скопје. Информациите за филмските проекции во рамки на месечните програми и тематски циклуси можат да се пронајдат на веб-страницата на Кинотеката: https://kinoteka.mk/.

Веб страна: https://kinoteka.mk/, Социјални медиуми: https://www.facebook.com/KinotekaNaSevernaMakedonija/, https://www.instagram.com/kinoteka.mk/, https://twitter.com/kinoteka, Јутуб канал: https://www.youtube.com/@kinoteka851

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.