Плаошник

 

Археолошкиот комплекс Плаошник е срцето на древниот град Охрид и едно од најсветите места во Македонија. Постојат многу археолошки пронајдоци што говорат во прилог на тоа дека на овој простор се живеело уште од дамнини – од крајот на бронзеното време, сѐ до развиениот среден век.

Во античкиот период на овој простор се наоѓал градот Лихнидос, а на Плаошник имало неколку храмови, меѓу кои и храмот посветен на богот Дионис. Во 4 и 5 век, Лихнидос бил епископски центар на македонско-римската провинција Нов Епир, а врз урнатините на старите пагански храмови се изградиле ранохристијански базилики.

 

 

 

Централната фигура со која се поврзува ова место е словенскиот епископ св. Климент, кој кон крајот на 9 век ја обновил тогашната стара трилисна црква и изградил нова посветена на св. Пантелејмон. Св. Климент ја водел и Охридската книжевна школа и се смета дека основал прв Словенски универзитет во Европа, кој датира од 10 век.

Црквата што ќе ја забележите на централното место на Плаошник е, всушност, возобновената Климентова црква. Обновувањето на црквата е извршено врз темелите на старата црква од 9 век, а користени се исти градежни материјали од минатото. Во оваа црква се пренесени моштите на св. Климент. Во нејзината внатрешност, меѓу другото, постои и зачуван живопис од 11-12 век и 13-14 век, како и остатоци од постари фази на подовите.

Влезете во овој храм и почувствувајте се како да се враќате во времето на старите словенски просветители, кои им се восхитувале на истите беспрекорно бистри води на Охридското Езеро.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.