Водич низ регионите во РМ

 

Водич низ регионите во РМ

Република Македонија е мала по површина, но голема ризница на природни реткости и на културно историски споменици од најстари времиња до денес. Водичов Ви ги презентира најважните информации за природните убавини и за културно­историските знаменитости, за хотелските и ресторанските капацитети во осумте статистички региони во Република Македонија. За прегледно претставување на природните и на културно историските реткости во планските региони на Република Македонија, презентираме текстуален, картографски и фотографски материјал за сите туристички потенцијали. За секој регион низ кратки текстови, поткрепени со фотографии и карти прикажани се природните убавини, културно историските споменици, сообраќајната поврзаност и објектите за сместување, за исхрана и забава.

Главна цел на водичов е запознавање на посетителите со туристичките потенцијали на регионите во Република Македонија, нивно побезбедно, поквалитетно, побрзо движење и престој во просторот, што ќе резултира со евидентирање и со збогатување на туристичката понуда и со развој на туризмот во државава. Според формата и содржината, водичов е конципиран да ја претстави Република Македонија како ризница за туристичко истражување и за незаборавно доживување. Проценуваме дека туристичкиов водич ќе претставува чекор напред во промоцијата на туристичките потенцијали и во зголемувањето на туристичката посета во Република  Македонија.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.