Националните паркови во Република Северна Македонија
Да почнеме со самата дефиниција: Националниот парк е голема, главно непроменета површина на земја или вода со повеќе природни вредности што вклучува еден или повеќе зачувани или малку изменети екосистеми и првенствено е наменет да го зачува изворното природно, културно и духовно богатство.
Во нашата земја има три национални паркови: Галичица, Маврово и Пелистер. Националните паркови во Северна Македонија имаат научно- истражувачки, културни, едукативно-образовни и туристичко-рекреативни цели.