Историски

 

 

СКОПСКО КАЛЕ

Поставено високо на ридот, со поглед на реката Вардар, скопското Кале е со векови будното око на градот. Како највисоко место во Скопје, скопското Кале отсекогаш било ценето од страна на локалните жители. Многу поодамна, уште пред Турците да ги изградат пространите ѕидови на тврдината, кои стојат и до денес, тука постоеле населби. Најраните траги на живот датираат од времето на неолитот и раното бронзено доба, некаде околу 4,000 години пред Христа.

Тврдината е оригинално изградена од страна на Византијците во VI. век од нашата ера, со камени ѕидини кои се околу 121 метар (400 стапки) долги. По земјотресот во 1963 година, кружните, правоаголните и квадратните кули на Калето биле конзервирани и реставрирани.

Скопското Кале денес е една од најдобрите туристички атракции во Скопје, која што истовремено нуди фантастичен поглед на градот и се наоѓа во непосредна близина на други знаменитости на градот, како што е Старата турска чаршија.

 

 

 

МЕГАЛИТСКА ОПСЕРВАТОРИЈА “КОКИНО“

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа на околу 30 километри североисточно од Куманово. Ова место има дијаметар од 100 метри и се наоѓа на две нивоа под планинскиот врв Татиќев Камен, на надморска височина од 1013 метри. Од откривањето во 2001 година,јасметале за посебно планинско светилиште од бронзеното доба. Но, спроведените детални археолошки и астрономски истражувања покажале дека локалитетот ги содржи сите карактеристики на свето место, но истовремено и на древна опсерваторија за набљудување на небесните тела.

Најважната карактеристика на опсерваторијата ги вклучува позициите за набљудување. На источниот хоризонт биле пронајдени специјални камени маркери кои ги користеле за означување на сите карактеристики на движењето на Сонцето и Месечината. Во опсерваторијата бил користен методот на статичко набљудување, означувајќи ги позициите на Сонцето при зимската и летнатадолгоденица (солстициј), како и рамноденицата. Извршени се археолошки ископувања на горната платформа каде е пронајден вреден материјал, претежно керамички остатоци, но исто така и животински коски, пирамидални тегови, остатоци од две точила (камења за брусење) направени од филитски шкрилци и плочи од сушени алги.

 

 

 

НАСЕЛБА СТОБИ 

Историографската евиденција и археолошките ископувања ни овозможуваат да се изгради правилна историска слика на постојаната населеност и настаните поврзани со Стоби.

Пронајдените остатоци од архаичниот и класичниот период веројатно го означуваат почетокот на градот. Нивната мала количина и недостатокот на пишани извори не дозволуваат да се донесат одредени заклучоци во врска со населбата и нејзината големина.

Најраниот пишан доказ за Стоби се наоѓа во книгата на Ливиј “Ab Urbe Condita“ (“Од кога е основан градот“), и се однесува на триумфот на Филип V врз Дарданците. Ливиј кажува дека битката се случила во близина на Стоби во 197 година пред Христа. Неговата втора информација за Стоби нè води во времето на римската окупација на Македонија и годината 167 пред Христа, кога Стоби станал главниот трговски центар на сол во третиот мерис (округ). Археолошките ископувања откриле доволно податоци од хеленистичката населба и нејзината некропола која ни овозможува да се следи понатамошниот развој на градот.

Трговијата и локацијата на Стоби биле главните двигатели за постојан развој за време на римското владеење.

 

 

 

АНТИЧКИОТ ГРАД ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС

Хераклеа Линкестис е антички град сместен во јужниот дел на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името му го дал Херакле, митскиот херој и основач на македонската кралска династија Аргеади, додека придавката Линкестис значи “линкестидска“ што доаѓа од името на регионот Линкестида, каде што бил основан градот. Градот бил основан во текот на IV век пред нашата ера од страна на македонскиот крал Филип II Македонски.

Денес на просторот на Хераклеа се пронајдени остатоци од уште повеќе сакрални објекти, украсени со подни мозаици направени во opus sectile и opus tessalatum, кои датираат од 5-от и 6-от век. Тоа се малата базилика (А), граѓанската базилика (В), големата базилика (С), лоцирани на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеа; наспроти тоа, тука се пронајдени и ранохристијански и средновековни гробници, потоа, тремот на судница од римскиот период (II век н.е.), бања од римскиот период (II век н.е.), театар од римскиот период (II век н.е.), епископска резиденција од ранохристијанскиот период (IV до VI век), градска чешма за вода за пиење од времето на Јустинијан (562 г.н.е.). Денес на ова место се одржуваат разни културни настани, аза туристи е отворено од 08:00 до 19:00 часот, со претходна најава.

 

 

 

МАРКОВИ КУЛИ (КУЛИТЕ НА КРАЛИ МАРКО) - ПРИЛЕП

 

Марковите Кули (кулите на Крали Марко) се наоѓаат северозападно од Прилеп, Македонија, над прилепската населба Варош.Локалитетот Маркови Кули се наоѓаво една од најживописните средновековни тврдини во Македонија. Поставена е на 120 – 180 метри висок рид, и е опкружена со стрмни падини покриени со густи гранитни камења. До горниот дел од некогашната населба може да се стигне и од северната и од јужната страна.

Во текот на четири децении археолошки истражувања, откриените остатоци упатуваат на постоењето на раноантичката населба Керамија. Во римскиот период, оваа мала селска населба се проширила кон југозападното подрачје, на што укажуваат неколку мермерни орнаменти од една ранохристијанска базилика. Бедемот на овој терен датира од XIII и XIV век, и е во добра состојба. Ѕидовите се околу еден метар дебели и се направени од послаб варовмалтер и се потпираат на големи варовнички карпи.Внатрешните ѕидови ја делат акрополата на помали површини. Палатата на Волкашин и Марко исто така била сместена тука.Северната порта има сложена основа што говори за повеќето доградби и реконструкции на просторот. Според некои историски наоди, до втората половина на XIV век, па и подоцна, оваа тврдина ја бранеле само 40 војници. Населбата била сместена јужно од акрополата на површина од околу 3,6 хектари. На северната страна има двојна порта, како и голема стражарница помеѓу влезовите. На јужниот ѕид се наоѓаат три добро сочувани кули. Најдолниот појас од бедемот се состои од низа куси ѕидови извлечени во испрекината линија. Во западниот дел постојат гробови вметнати во карпата. Во XIV. век овој дел служел како привремено прибежиште на околните жители од турската инвазија.

По смртта на кралот Марко, во 1395 година, оваа населба била заземена од турската војска, поради што животот во неа целосно згаснал. Жителите на некогашната населба побарале засолниште во блиската околија. Последователно, во подножјето на Марковите Кули, се развила населба со разретчена структура. Истата била поделена во неколку маала, а секое маало имало своја црква. Во XIV.век оваа нова населба го добила името Варош, под кое и денес постои.

 

 

 

 

ОХРИД - АНТИЧКАТА ЛИХНИДА

 

Постоењето на античкиот град Лихнидос (денешен Охрид) е поврзано со легендата за Фениќанецот Кадмо, кој прогонет од Теба, во Беотија, побегнал од Енхелејците и го основал градот Лихнид на брегот на Охридското Езеро. Лихнид како и пошироката област биле населени од илирските племиња предводени од племето на Десаретите. Филип II, таткото на Александар Велики, во 353 година п.н.е. извршил инвазија врз овој град и уште од тогаш Лихнид се споменува како име на градот покрај Охридското Езеро. Пронајден е натпис на еден камен кој датира од оние денови кога граѓаните се споменуваат како Лихнидијци.

Најстарите историски информации за градот Лихнид датираат уште од 217 година пред нашата ера, а тие се однесуваат на некои римски воени операции на овие простори. Пред овие настани со градот владееле македонските императори. Понатамошната историја на Лихнид е исполнета со интересни настани. Во 208 година пред нашата ера, извесниотЕроп го окупирал градот, додека во 196 г.п.н.е., илирскиот крал Плеурат станал сојузник на римските освојувачи.

Името на градот се споменува во 170/169 г. п.н.е., како римска воена база – период на многу битки со македонскиот крал Персеј. Уште од времето на македонските кралеви, Лихнидос бил познат по ковање на монети (пари). Од едната страна на монетата бил претставен македонскиот штит со ѕвезда на средина, а од другата страна имало келераба и натписот Лихнидион.Пронајдени се само две од овие ретки монети, од кои, едната се чува во Заводот за заштита на споменици на културата во Охрид, додека другата се наоѓа во Истанбул (Цариград).

 

 

 

БАРГАЛА - ШТИП

 

Античкиот град Баргала и понатаму останува главен извор на материјали од античкиот период. Градот Баргала исто така се споменува и во документите на Халкедонскиот собор во 415 година. Името на овој град се споменува на еден натпис од 371 година, што претставува спомен – плоча за подигање на порта во градот. Плочата била пронајдена во месноста Ханче, на левиот брег од реката Брегалница. Овој споменик ни покажува каде се наоѓал античкиот град Баргала чие име е од тракиско потекло.

Старата античка населба со урбан лик, наречена Баргала, се наоѓала во Долни Козјак. Овој град, кон крајот на IV. век служел како воен камп на римските легии при освојување на истокот кој подоцна бил срушен. Жителите подигнале нов град на Козјачка Река во Горен Козјак, како што потврдуваат археолошките наоди.

Градот станал епископско седиште од V.доVI.век. Градот Баргала бил урнат, а жителите многу брзо се раселиле. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжила и во словенскиот период во овој регион. Во поново време, археолозите од Заводот и Музејот на Штип откриле уште една базилика од VI. век. Во Баргала постоеле три базилики. Освен тоа, била откриена и винарска визба во североисточниот дел на ископувањата. Баргала и натаму останува еден од најстарите историски локалитети и бескрајна инспирација за археолозите од Македонија.

 

 

 

 

 

ШТИПСКО КАЛЕ - ИСАРОТ

 

Тврдината Исар е посебен белег на градот. Таа е подигната на 150 метри над нивото на реката Брегалница. Во 2009 година, истражувачите откриле 30 метри од тунелот што води од врвот на Исарот до реката. Ова го потврдува најпознатата легенда за градот Штип кој бил освоен преку таен тунел под Исарот. Спроведените истражувања во изминатиот период само ја потврдуваат неговата длабока историја.

Целта е да се изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на 2011 година треба да биде целосно осветлен. Тврдината се наоѓа на левата страна на реката Отиња, притока на реката Брегалница, која минува низ градот.

Локацијата Астибос е археолошки потврдена преку бројни камени споменици од II. до VI. век. Од тоа време потекнува и тунелот кој е пробиени низ гранитните карпи од врвот на Исарот до Западна Брегалница на ниво од една стапка.Во источното подножје на Исарот се откриени остатоци од ранохристијанска базилика од VI. век.

 
 

 

АНТИЧКИОТ ГРАД СТИБЕРА

 
 
 

Стибера, или како што археолозите љубат да ја нарекуваат македонска Помпеја, е една од најстарите градови во Македонија, но истовремено и една од најатрактивните антички градски населби. Се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци се наоѓаат на јужните падини на ридот Бастион во чие подножје тече изворот Блато кој истекува во Црна Река (Еригон) .  Во оваа област се пронајдени различни мермерни украси, статуи и бисти, вклучувајќи и една статуа на божицата Тихе на постамент со натпис.

Храмот се состои од брод (наос) и предворје (лоби). Неговите ѕидови биле изградени од камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Методот на градење на наосот е типично римски. Од пронајдените архитектонски објекти се издвојува античката гимназија. Се состои од две одделни згради: светилиште и перистил на хероите и постамент.

 

 
 

 

САМУИЛОВА ТВРДИНА

Тврдината во Охрид го носи името на цар Самуил што се должи на фактот дека еден период од своето владеење, тој го избрал Охрид како главен град на неговото царство. Тврдината е профана градба која е нераскинливо поврзана со целата историја на Охрид, од најстари времиња до денес. Градот Лихнид и тврдината за прв пат биле споменувани од Ливиј во 209 г. п.н.е. за време на владеењето на македонскиот крал Филип V. Овие податоци ни кажуваат дека кон крајот на III век п.н.е. тврдината била целосно изградена и функционална во клучните моменти на историјата на градот Лихнидос (Охрид).

Денешниот изглед на тврдината со својата големина, најверојатно, е постигнат во IV век од нашата ера, што е видливо од техниката на комбинирано градење – opus mixtum (тули поставени во четири и три реда и обрабени со варов малтер). Записите од историските извори кажуваат дека ваквиот тип на градска тврдина имал моќна одбранбена улога, и поради тоа во 479 година, кралот на Источните Готи, Теодори Амали, во текот на својата кампања од Македонија до Нов Епир не успеал да го окупира Лихнидос, бидејќи “градот бил сместен во една тврдина и имал богати извори (на вода) во внатрешноста на ѕидовите.

 

 

Тврдината, која во зависност од историските прилики била помалку или повеќе во фокусот, била обновувана или уништувана. Сепак, со оглед на временскиот простород доцната антика навака, генерално, таа останала непроменета; за автентична форма е прифатен централниот дел на тврдината од нејзината изградба во доцниот X. и раниот XI. век. Ова е периодот на цар Самуил, кога Охрид станал престолнина на првото македонско – словенско царство, иако во историската наука на ова се гледа со различна нота. По смртта на Самуил во 104 година, Василије II го преземал Охрид без никаква борба, поради што тврдината останала неоштетена. Во втората половина на XIV век, односно во периодот на владеење на големиот парох Андреа Гропа на целиот охридски регион, тврдината била обновена и зајакната.

 

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.